21 јануари 2020

Средба на дополнителниот заменик министер Петровска со амбасадорот Тимоние

 
Денеска во Mинистерството за внатрешни работи дополнителниот заменик министер Славјанка Петровска се сретна со амбасадорот  на Француската Република во Република Северна Македонија , Н.Е. Кристијан Тимоние.
Дополнителниот заменик министер Петровска истакна дека парламентарните избори на 12 април се од исклучително значење за сите граѓани на нашата држава, без разлика на партиска или етничка припадност и дека сите членови на извршната власт  своите функции треба да ги извршуваат во интерес на граѓаните. Петровска истакна дека од позиција на дополнителен заменик министер за внатрешни работи, заедно со министерот Чулев, ќе продолжи да ја гарантира безбедноста на граѓаните. 
Амбасадорот Тимоние потенцира дека ова се историски избори и се очекува тие да бидат фер и демократски, за што голема улога ќе има и  Министерството за внатрешни работи.