21 јануари 2020

Министерот Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадарот на Француската Република, Кристијан Тимоние

 Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска  оствари работна средба со амбасадарот на Француската Република, Кристијан Тимоние.  На средбата министерот Чулев го запозна амбасадорот со активностите кои  министерството за внатрешни работи  ги презема во пресрет на парламентарните избори, а кои треба да гарантираат фер и демократски избори.

 Двајцата соговорници на средбата констатираа дека во иднина треба да продолжат активностите за поддршка на полицијата кои во континутитет ги дава Република Франција преку  Амбасадата во нашата држава.