21 јануари 2020

Министерот Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија Самуел Жбогар.  На средбата двајцата соговорници направија резиме на меѓусебната соработка и ја потенцираа важноста на проектите кои се реализираат во министерството за внатрешни работи, а се финансирани од страна на Европската Унија  преку ИПА инструментот.

На средбата беше потврдена посветеноста на нашата држава кон остварувањето на целта членството во ЕУ, при што од страна на министерот Чулев беше потенцирано дека министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и активности за обезбедување фер, демократски и кредибилни избори.