13 јануари 2020

Работна средба на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев со Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија

Денеска во министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Наќе Чулев оствари работна  средба со Н.Е. Рејчел Галовеј, амбасадорката на Велика Британија во Република Северна Македонија . 
На средбата двајцата соговорници ги потврдија заложбите за унапредување на соработката меѓу министерствата за внатрешни работи и зајакнување на поддршката во полето на миграциите,организираниот криминал и сајбер безбедноста. 
Воедно министерот Чулев ја информираше амбасадорката за заложбите за време на неговиот мандат во насока на организирање фер и демократски избори, како и за мерките кои ќе се преземат пред се за превенција од нарушувањето на изборниот процес, за што очекува соработка и со останатиот дел на врвното раководство на МВР.