13 јануари 2020

Соопштение

Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа работна средба меѓу министерот Наќе Чулев и Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер, со цел разрешувања на отворените прашања во функционирањето на министерството. Потоа беше одржана и работна средба во проширен состав, на која присуствуваа и заменикот министер Агим Нухиу, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменикот на директорот на БЈБ Бесир Деари. На работните средби беа донесени заклучоци за натамошното постапување по прашањата кои деновиве беа актуелни. Во врска со телеграмата за возилата беше договорено дека доколку постои сомнение за несоодветно користење на службените возила, тоа треба да се утврди во соодветна постапка од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и дека ќе се повлечат само оние возила кои се нужно неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците. Истовремено беше констатирано дека во меѓусебна координација помеѓу организациските единици да се направи соодветна распределба на возилата, водејќи сметка за кабинетите на Министерот и Дополнителниот заменски министер. Во однос на телеграмата со која се известуваат раководителите на организациските единици со која издадените наредбите престануваат да важат, завземен е заеднички став да се презамат активности од страна на директорот на Бирото за јавна безбедност кои активности се во тек , a со кои во сите организациски единици каде има потреба да се распоредат работниците со решенија. Наредбите за извршување на итни, неодложни и специфични задачи да бидат согласно член 154 став 1, а во врска став 2 и став 4 од Законот за внатрешни работи во траење од најмногу 30 дена.