29 ноември 2019

Прв состанок за проектот „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“


На 28 ноември во Подгорица, Црна Гора се одржа првиот состанок на Управувачкиот одбор за проектот „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Западен Балкан“, на која учествуваше државната секретарка на Министерството за внатрешни работи м-р Мадалена Несторовска.

Проектот ќе се спороведува од страна на МАРРИ и ГИЗ, а е финансиран од Министерството за економија на Сојузна Република Германија.