26 ноември 2019

Покана до медиуми

 Утре 27.11. 2019 (среда) со почеток од 11.30 часот во хангарот на Хеликоптерската единица во Центарот за обука во Идризово министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото одбележување на 50 години на Хеликоптерската единица за полициски намени. Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот и најдоцна до 11.10 да бидат во Центарот за обука во Идризово.