22 ноември 2019

Директорот на БЈБ, м-р Тасевски во работна посета на Бања Лука

 Делегација од Министерството за внатрешни работи на РС Македонија, предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, оствари работна посета на Босна и Херцеговина.

Во рамки на посетата, директорот на БЈБ, м-р Сашо Тасевски денеска ја посети полицијата на Република Српска, каде беше пречекан од неговиот колега, директорот Дарко Ќулум.
 
Меѓу темите на разговор на средбата беа моменталната состојба на безбедноста, илегалните миграции со кои се соочува целиот регион и другите форми на соработка меѓу полициските службеници, како што е соработката меѓу крим полицијата, специјалните единици и униформираната полиција, при што беше предложено оваа соработка да се продлабочува преку организирање на заеднички обуки за подобрување на ефективноста на полициските служби во регионот.
Нашата делегација во текот на посетата на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, исто така, беше во обиколка на Центарот за обука на МВР на Република Српска, каде што на гостите им беа презентирани новите капацитети со кои располага центарот и условите за работа и обука на припадниците на полицијата.