20 ноември 2019

Продлабочување на билатералната соработка со Швајцарија во делот на спречување на илегалната миграција

 Заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и првиот човек на Бирото за јавна безбедност при МВР на РСМ, м-р Сашо Тасевски денеска остварија средба со заменик директорот на швајцарскиот Државен секретаријат за миграција СЕМ), амбасадорот Винченцо Машоли и амбасадорот на Швајцарија во нашата земја Сибил Зутер. На средбата фокусот на разговорите беше насочен кон актуелните состојби со илегалната миграција. Притоа, беа конкретизирани низа идеи и предлози што во насока на билатералната соработка можат да се реализираат во наредниот период меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија, дотолку повеќе што и во изминатите години Швајцарија се потврди како континуиран партнер во поддршката и реформите на полициските служби, вклучително и на граничната полиција. Меѓу другото, на состанокот беше предложено ангажирање на швајцарски полициски службеници - експерти од областите на илегалната миграција на нашите два меѓународни аеродрома, како и разгледување на можноста за добивање на техничка помош во области од обостран интерес.