08 ноември 2019

Регионална работилница ,, Бази на податоци за криминалистичко разузнавање и информатички структури кои го поддржуваат полициското работење водено од разузнавање,,

линк ОБСЕ

Вчера и денеска во Скопје во организација на Одделот за транснационални закани –Одделението за стратешки полициски прашања во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје се одржа работилница посветена на базите на  податоци и IT структурите како поддршка на полициското работење водено од криминалистичко разузнавање, на која учество земаа повеќе од 80 учесници од полициските служби од Југоисточна Европа.

Експертите од Австрија, Естонија, Израел и Европол споделија добри пракси и лекции научени во рамки на своите агенции за спроведување на законот во воспоставување, менаџирање и искористување на базите и IT структурата во полициското работење. Учесниците дискутираа како размената на криминалистичко разузнавачките информации можае да биде подобрена, особено во менаџирањето и подобрувањето на инпутот и аутпутот на информациите во базите и IT системите за подобра употреба на аналитичките продукти од разузнавањето при носење на оперативни одлуки и при стратешко планирање.