08 ноември 2019

Директорот на Бирото за јавна безбеднот м-р Сашо Тасевски, оствари работен состанок со Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Јазбец.

 Денес, Директорот на Бирото за јавна безбеднот м-р Сашо Тасевски, оствари работен состанок со Амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Милан Јазбец.

На средбата беа потврдени пријателските односи,  довербата, отсуството на отворени или спорни прашања помеѓу двете држави, како и соработка во голем број области од заемен интерес.
 
На состанокот присуствуваа и словенечките полициски службеници кои се дел од проектот Заеднички патроли на територијата на Република Северна Македонија, во насока на помош за справување со мигрантската криза.
Полициските службеници истакнаа дека ова е едно позитивно искуство, кое покрај својата примарна цел- справување со мигрантската криза, има и други бенефити особено во поглед на размената на искуства во полициското работење.
М-р Сашо Тасевски ја поздрави оваа соработка, со надеж дека истата ќе продолжи и во иднина.