07 ноември 2019

Регионална работилница “Бази на податоци за криминалистичко разузнавање и информатички структури кои го поддржуваат полициското работење водено од разузнавање”

 Регионална работилница “Бази на податоци за криминалистичко разузнавање и  информатички структури кои го поддржуваат полициското работење водено од разузнавање”

На 07 и 08.11.2019 во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Одделението за стратешки полициски прашања, при Одделот за транснационални закани, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира регионална работилница “Бази на податоци за криминалистичко разузнавање и информатички структури кои го поддржуваат полициското работење водено од разузнавање”.

Во првиот дел од работилницата, наменет за раководните полициски службеници од високо и средно ниво на Министерството за внатрешни работи, поздравни говори имаа Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Сашо Тасевски, и заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстејн

Тие во своите обраќања ја потенцираа важноста на моделот на полициското работење водено од разузнавање и вредноста на разузнавачките бази на податоци и информатички структури за планирање, насочување, презентирање, распределба на ресурси, анализа и проценка на заканите во борба против криминалот.