Проекти и кампањи

07 ноември 2019

СВР Скопје започнува со кампањата „Фати ја зимата навреме“

 Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со општествено одговорни компании спроведе повеќе кампањи за подигање на јавната свест на во насока на поголема безбедност во сообраќајот, а изминатата година беше спроведена кампања за подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот на барање на агенцијата „Три Стар Т.К.М“ Скопје. Во споменатата кампања, како целна група, беа опфатени учениците од неколку училишта на кои им беа доделени сигнални (флуоресцентни) елеци како учесници во сообраќајот, со цел поголема свесност за безбедноста на младите учесници во сообраќајот.  

На 08.11.2019 (петок) СВР Скопје, пред Трговскиот центар „Капитол мол“, со почеток од 12.00 часот, ќе започне со спроведување на кампањата „Фати ја зимата навреме“, на територијата на Општина Аеродром. Кампањата ќе се одвива на прометни раскрсници, каде полициските службеници ќе апелираат до возачите во однос на законската обврска за промена на пневматиците, согласно законскиот рок – 15 ноември.

Целта е да им се обрне внимание на сите учесници во сообраќајот, со укажување на потребата да се едуцираат, а преку потенцирање на важноста од промена на пневматикот во соодветен период од годината. Во таа насока, полициските службеници на секој возач ќе му подарат промотивен материјал со едукативни пораки.