06 ноември 2019

Санирана и реновирана полициската станица во Валандово: Подобри услови за полицијата, зголемена безбедност

 „На средбата во Полициската станица од општа надлежност Валандово разговаравме за актуелните состојби и активности во рамки на оваа организациона единица при Секторот за внатрешни работи Струмица и можам да кажам дека резултатите се многу добри. Дотолку повеќе што сега после неколкумесечни градежно-санациски работи, објектот на оваа полициска станица е реновиран, обновен и прилагоден за нормално функционирање на полициската служба“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на полициската станица во Валандово.

Министерството за внатрешни работи од сопствени средства во висина од 3,1 милиони денари го финансираше санирањето и реновирањето на  овој објект, како што тоа континуирано го прави во изминативе две години реконструирајќи и санирајќи полициски објекти низ државата.

„Се разбира сето тоа само со една единствена цел: воспоставување на квалитетни материјално-технички стандарди за работа на организационите единици при МВР, односно на сите полициски службеници. Впрочем, наша базична интенција беше и останува фактот дека напоредно со реформските процеси на безбедносниот сегмент ние мораме да ги унапредиме условите за работа на полициските службеници со што се унапредува ефикасноста и квалитетот на полициското работење“, рече министерот Спасовски.

На средбата со градоначалникот на Валандово Перо Костадинов беше потенцирана одличната соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа, а се разговараше и за проекти кои треба да се реализираат во иднина, во интерес на граѓаните. Во рамки на одбележувањето на 6. Ноември, денот на ослободувањето на Валандово, делегација на МВР, предводена од министерот Спасовски, положи цвеќе пред споменикот на паднатите борци