Вести

30 септември 2019

Демант


 

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите објавени од порталот Нетпрес, а пренесени од неколку други портали во кои се изнесува лажна вест дека наводно 1.000 редовно вработени полицајци во МВР моментно се на неплатен одмор, а уште 4.000 го побарале истото и чекаат одговор од надлежните. Информацијата е апсолутно неточна. Бараме овие портали да ја повлечат веста и да се извинат за ширењето лажни вести со кои се обидуваат да внесат вознемиреност и загрозување на чувството на безбедност кај граѓаните. Бараме и од новинарските организации соодветно да реагираат на лажната вест со која се внесува вознемиреност и паника кај граѓаните. МВР има доволно полициски службеници за извршување на своите надлежности и апсолутно во ниту еден момент ниту се дозволило ниту пак ќе се дозволи било каква друга состојба.