Издавање на изгубена возачка дозвола (дупликат)

 ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

0800 192 92 (само од фиксен телефон) и 072 92 92 92

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ  http://termin.mvr.gov.mk/

 


1.7 ИЗДАВАЊЕ НА ИЗГУБЕНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА (дупликат)

 

Дупликат возачката дозвола се издава кога оригиналната возачка дозвола е изгубена или украдена. Барањето за издавање на дупликат возачка дозвола се поднесува лично.

    Барање.
    Важечка лична карта на увид.
    Писмена изјава на возачот со краток опис за време и место на губењето на возачката дозвола
    280,00 денари за образецот или 840 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
    110,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
    75,00 денари за објавување на изгубена возачка дозвола (уплатница или уплата преку ПОС терминал)

Возачката дозвола во редовна постапка, се издава во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на барањето, а во итна постапка во рок од 2 работни дена од денот на поднесувањето на барањето.

НАПОМЕНА
Лекарско уверение за телесна и душевна способност од овластена здравствена организација е потребно и во следниве случаи:

    доколку возачот има навршено 75 години
    доколку возачот има Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д, ДЕ и Т категорија
    доколку возачот има ограничување на важноста на возачката дозвола поради здравствена состојба