Замена на странска возачка дозвола за македонска возачка дозвола
ТЕЛЕФОНСКОТО ЗАКАЖУВАЊЕ ПРЕКУ БЕСПЛАТНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ
0800 192 92 (само од фиксен телефон) и 072 92 92 92
ЕЛЕКТРОНСКО ЗАКАЖУВАЊЕ ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ
http://termin.mvr.gov.mk/
1.6 ЗАМЕНА НА СТРАНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА МАКЕДОНСКА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА
Барање.
Важечка лична карта на увид.
Оригинална важечка странска возачка дозвола со извршен превод на македонски јазик и нотарска заверка
Доказ за престој подолг од шест месеци пред денот на издавање на странската возачка дозвола
Доколку во странската возачка дозвола неможе да се утврдат категориите за кои моторни возила може да управува возачот потребно е да се достави и исправа издадена од органот што ја издал дозволата од која се гледа со кои моторни возила може да управува
Лекарско уверение
410,00 денари за образецот или 1230 денари за образецот доколку е во итна постапка (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
170,00 денари административна такса (уплатница или уплата преку ПОС терминал)
ВАЖНО: Странска возачка дозвола може да се замени за македонска, само на лица државјани на Република Северна Македонија или на лица со постојан престој во Република Северна Македонија.
НАПОМЕНА
Лекарско уверение за телесна и душевна способност од овластена здравствена организација е потребно и во следниве случаи:
доколку возачот има навршено 75 години
доколку возачот има Ц1, Ц1Е, Ц, ЦЕ, Д1, Д1Е, Д, ДЕ и Т категорија
доколку возачот има ограничување на важноста на возачката дозвола поради здравствена состојба