Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
- Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)
Ако лицето до 14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател, потребно е да има одобрение за неговото патување кое се издава врз основа на писмената согласност од родителите односно старателот, дадена во надлежните подрачни единици- (Одделение и Отсеците за управни работи) на Министерството за внатрешни работи, со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и платена такса во износ од 50,00 денари.
Стандард за доставување (временски рок)
Веднаш доколку се присутни двата родители на малолетното дете