Издавање на сообраќајни дозволи

 

Сообраќајна дозвола се издава во наведените случаи

-при регистрација на моторно возило

-Доколку има промена на податоци кои се однесуваат особено на : технички промени на возилото, промена на сопственост, промена на адреса на живеење, одјавување на возило и слично, имено сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на промената да пријави во Министерството за внатрешни работи според место на регистрација на возилото ( живеалиште или седиште на правен субјект). Кон пријавата за промена сопственикот на регистрираното моторно возило е должен да достави доказ со кој се докажва настанатата промена.

-доколку сообраќајната дозвола е изгубена

-доколку сообраќајната дозвола е дотраена или поништена на начин што оневозможува нејзино користење