11 мај 2023

Излезе седмиот број од меѓународното научно списание „Безбедност“

Почитувани припадници на МВР,

Почитувани читатели,

Со особено задоволство Ви го претставуваме седмиот број на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“.

Горди на фактот што по повеќе од две децении го обновивме издавањето на списанието и што со овој број заокружуваме веќе три успешни години од развојот на научната мисла, која се повеќе ја ставаме и во функција на развојот на политиките и стратегиите за работа на полицијата и Министерството.

И во овој број списанието изобилува со интересни текстови и научни анализи за значајни прашања од областа на безбедноста.

Ги поттикнувам сите припадници на Министерството за внатрешни работи да ги користат современите истражувања во областа на безбедноста и во преземањето на полициските овластувања секогаш да ги имаат предвид законските одредби и најдобрите светски практики.

Би сакал да Ве поканам со Ваши стручни и научни текстови да го пренесете Вашето искуство за полициската наука и полициската практика. Меѓународното научно списание „Безбедност“ е наше заедничко четиво, во кое секако свое место ќе најдат текстовите од нашите почитувани колешки и колеги.

Срдечно,

МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНИОТ УРЕДУВАЧКИ ОДБОР НА МЕЃУНАРОДНОТО НАУЧНО СПИСАНИЕ „БЕЗБЕДНОСТ“

Оливер Спасовски 



Превземи го списанието во PDF

Погледни го списанието како е-book