
Почитувани припадници на МВР,
Почитувани читатели,
Повторно со особено задоволство Ви го претставуваме шестиот број на Меѓународното научно списание на Министерството за внатрешни работи „Безбедност“.
Горди на фактот што по повеќе од две децении го обновивме издавањето на списанието и што со овој број заокружуваме две успешни години од развојот на научната мисла, која се повеќе ја ставаме и во функција на развојот на политиките и стратегиите за работа на полицијата и Министерството.
И шестиот број изобилува со интересни текстови и научни анализи за значајни прашања од областа на безбедноста.
За во иднина ги поттикнувам сите припадници на Министерството за внатрешни работи да ги користат современите истражувања во областа на безбедноста и во преземањето на полициските овластувања секогаш да ги имаат предвид законските одредби и најдобрите светски практики.
Би сакал да Ве поканам со Ваши стручни и научни текстови да го пренесете Вашето искуство за полициската наука и полициската практика. Меѓународното научно списание „Безбедност“ е наше заедничко четиво, во кое секако свое место ќе најдат текстовите од нашите почитувани колешки и колеги.
Срдечно,
МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ
ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МЕЃУНАРОДНИОТ УРЕДУВАЧКИ ОДБОР НА МЕЃУНАРОДНОТО НАУЧНО СПИСАНИЕ „БЕЗБЕДНОСТ“
Оливер Спасовски