25 февруари 2021

Излезе првиот број од меѓународното научно списание БЕЗБЕДНОСТ


После дводецениски застој го промовираме првиот број на возобновеното научно- стручно списание “Безбедност“, а како резултат на одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност при Универзитетот “Свети Климент Охридски“.

Им благодарам на сите научни и стручни соработници, колеги и професионалци кои што ја направија реалност идејата за повторно активирање на списанието Безбедност со надеж дека заедно и упорно ќе направиме препознатлив и квалитетен производ со кој што сите ќе се гордееме.

Оливер Спасовски
Министер за внатрешни работи



Преземете во .pdf