Препораки што можат да помогнат во случаи на исчезнати лица
- Доколку некое лице исчезне, контактирајте ги сите кои би можеле да го знаат местото на престој на исчезнатото лице.
- Соработувајте со полицијата, дајте ги сите информации за пријателите и роднините на исчезнатото лице, местата кои често ги посетува, здравствената состојба или начин на однесување во блиското минато
- Споделете ги карактеристичните размислувања на исчезнатото лице, неговите видувања за идни планови
- Не сокривајте информации од полицијата, бидете достапни - Обезбедете фотографија и дозволете и на полицијата да ја сподели со јавноста.
- Обратете се во најблиската полициска станица, полицискиот службеник за прифат или инспекторот по потраги ќе ги земе сите податоци кои се потребни
- Водете грижа за лицата кои имаат здравствени проблеми и страдаат од болести заради кои ја губат способноста за осознавање, не ги оставајте без придружба и надзор.