За управата


 

Во рамките на Министерството за внатрешни работи, како посебен орган функционира Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), која ги извршува работите на системот на државната безбедност.

Системот на државна безбедност се работи кои се однесуваат за заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал.

Со Управата раководи директор кој е самостоен во извршувањето на работите на Управата, а за својата работа му одговара на министерот за внатрешни работи и Владата на Република Македонија кои воедно и го именуваат за време од четири години.

На предлог од директорот на Управата, министерот донесува акти за организација и работа и за систематизација на работните места на Управата.

Во вршењето на работите од својата надлежност, работниците на Управата имаат право да собираат податоци, известувања и информации од граѓани, органи, претпријатија и други правни лица кои се должни да им овозможат уредно вршење на работите.