https://rolaw.mk/
Организираниот криминал претставува значаен предизвик за стабилноста и безбедноста на секоја нација. Во однос на ова, проектот има за цел зајакнување на способностите на органите за спроведување на законот. Опремени со современи истражни техники и алатки, овие органи се подобро подготвени да се борат и да се спротивстават на сложеноста на организираните криминални активности. Проектот ја препознава важноста да се остане чекор напред во борбата против криминалот за да се заштити владеењето на правото.
Поддршка за криминалистички истраги
Спроведување на законот и зајакнување на безбедноста
- Помагање во борбата против наркотични и експлозивни материи, тероризам и криумчарење на мигранти.
- Обезбедување поддршка за антикорупциски истраги и спроведување превентивни мерки.
Стратешко планирање и развој
- Изготвување на Националната стратегија и акциски план за организиран криминал во Северна Македонија.
- Поддршка при изготвувањето и спроведувањето на првата Национална стратегија за компјутерски криминал и акциски план.
Анализа и проценка
- Оценување на силните и слабите страни на посебните истражни мерки.
- Идентификување на потенцијални празнини во ИКТ системите на Агенцијата за управување со одземен имот и Канцеларија за поврат на имот.