Посебни советници

 

Посебен советник

Раде Јанковски

 

Раде Јанковски е ангажиран со договор и извршува работни задачи од работно место Државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на министерот  за внатрешни работи. Го следи донесувањето, односно изменувањето и дополнувањето на прописите во Министерството од областа на полициските и криминалистичките работи, ја следи евлауација на стандардните процедури и помага во креирање на постапките и стандардите по прашања од полициските и криминалистичките работи во Министерството, го следи процесот на полициското и криминалистичкото работење и иницира преземање на мерки за справување со ризиците на тој процес;врши редовна евалуација на организационата поставеност на полицијата и крим полицијата во Министерството; дава мислења и предлози за подобрување на организациската поставеност во Министерството. За својата работа е одговорен пред министерот и врши други соодветни работи по задолжение на министерот. Надоместокот за извршената работа е 35.000 денари месечно нето износ.