На 04.07.2025 година во 15.26 часот во Полициската станица Кичево е пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Кидрич“ и “Мирко Милески“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (21) од село Стрелци, кичевско, и мотоцикл „Хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Кичево. По несреќата малолетникот кој што се здобил со тешки телесни повреди, им подлегнал на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид од надлежен јавен обвинител од ОЈО Кичево и увидна екипа од ОВР Кичево.
На 04.07.2025 година во 19.00 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(63) од село Чајле удрило во пешакот Х.Т. (74) од истото село. Во несреќата Х.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 04.07.2025 година во 11.20 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „1“ во село Петровец, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 75-годишната О.Д. од село Мралино, скопско и мотоцикл марка „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(50) од село Петровец. Во несреќата А.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје.
На 04.07. 2025 година како и денеска (05.07.) во два одвоени случаи полициски службеници при СВР Охрид од слобода ги лишиле лицата А.Б. (24) од село Шум и В.К. (43) од Охрид. Имено двјацата управувајќи патнички моторни возила, при контрола во патниот сообраќај, ги управувале возилата со 1,65 односно 1,61 промили алкохол во крвта и поради загрозување на јавниот сообраќај, тие веднаш се исклучен од сообраќај. Против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик („безобѕирно управување моторно возило“).
На 04/05.07.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.М.(51), С.К.(29), А.К.(41), И.С.(35) и Ѓ.Н.(35) сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, кафева грутчеста и прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 05.07.2025 година во 02.05 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, во село Чегране, тетовско ги лишиле од слобода Ш.Ш.(50) од село Чегране и А.И.(20) од село Форино, гостиварско. При претрес извршен согласно Судска наредба, во дом и помошни простори кај Ш.Ш. на 04/05.07. во неговиот угостителски објект во село Чегране, биле пронајдени и одземени три најлонски кесички со непозната бела прашкаста материја. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 04.07.2025 година во 22.50 часот полициски службеници од ПО Камењане во село Новаке ги лишиле од слобода С.С.(38), Ј.Б.(33) и Ф.И.(27) тројцата од село Долно Палчиште, затоа што кај нив била пронајдена и одземена зипер кесичка со непозната бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
На 04.07.2025 година во 11.15 часот полициски службеници од СВР-Тетово на улица „Борис Кидрич“ во близина на автобуската станица во Тетово го лишиле од слобода М.С.(18) од Скопје, кај кого била пронајдена најлонска кеса со непозната зелена тревкаста материја. Исто така по извршените проверки во системот за потраги било констатирано дека лицето има активна потрага од Основен Суд Скопје 1 за сторено кривично дело казниво по член 242 став 1 од КЗ на РСМ. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 04.07.2025 година во 21.10 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Б.Т.(32) од Велес, затоа што при преглед кај него е пронајдена и одземена НН бела прашкаста материја. Б.Т. е приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2025 година во 17.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичев, од слобода го лишија Е.Ј.(54) од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се вкупно 137 стебла канабис со различна висина како и растенија канабис посадени во пластична чаша. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2025 година во 17.15 часот во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода У.Б.(50) од Радовиш. Тој, истиот ден околу 15.40 часот во неговиот семеен дом физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивниот малолетен син, при што им нанел телесни повреди, констатирани од лекар од Здравен дом Радовиш. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш. По документирање на случајот против У.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 04.07.2025 година во 22.45 часот во СВР Куманово С.Ј. (40) од Куманово пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 14 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 04.07.2025 година во 20.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14), за кого претходниот ден беше пријавено дека се оддалечил од установата, се вратил во истата.