Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 04.07.2025

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Е.(33) од с.Попчево, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 30.06.2025 во Струмица, по претходно случена сообраќајна незгода, во патничко возило „голф“ кое пријавениот го управувал, е пронајдена и одземена марихуана.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.И.(65) од с.Долно Палчиште, општина Боговиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 29.06.2025 на излезот од градот Дебар, полициски службеници при извршена контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од пријавениот, констатирале дека врши јавен превоз на патници, без да поседува соодветна лиценца од надлежен орган.

 

На 03/04.07.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода В.Ѓ.(23), С.З.(20), Х.Е.(19), К.М.(25) и 17-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 03.07.2025 во 14.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-Стење, на влезот во с.Царев двор, патничко возило „фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Ресен, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.М.(19) и малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник, сите од Ресен, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен. 

 

На 03.07.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа  помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од с.Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга. 

 

Денеска (04.07.2025) во 03.30 часот во СВР Скопје, 51-годишна жена од Скопје пријавила дека на 03.07.2025 околу 22.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг М.С.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

 

На 03.07.2025 во 12.55 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(14), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

 

На 03.07.2025 во 20.52 часот во СВР Скопје е пријавено дека во приватна здравствена установа во с.Кадино, скопско, починала И.Т.(36) од населба Илинден, скопско. Од страна на лекар констатирана била смрт, без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.