Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 03.07.2025

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.П.(51) од Гостивар поради постоење основи на сомнение  за сторено  кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.06.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавениот, при што се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис.

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Ј.К.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 12.06.2025 полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории каде пријавениот престојува, при што се пронајдени и одземени пиштол „застава“ со рамка и куршуми калибар 6.35 мм, ловни патрони и рачна граната. Од судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

 

На 02.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.A.(27), M.Б.(39), Н.Ј.(26) и Д.Т.(26), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 02.07.2025 околу 17.15 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Биљановска“ во Куманово, мопед со неготински регистарски ознаки, управуван од Ф.Т.(37) од Куманово, удрил во пешакот М.Н.(66) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 02.07.2025 околу 09.45 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Штип–с.Софилари, штипско, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(27) од Штип, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Штип.

 

На 02.07.2025 во 07.00 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на кружен тек од ул.„Димитар Влахов“, ул.„Бел камен“ и ул.„Крижевска“ во Кочани, А.Ѓ.(29) од Кочани управувајќи мопед „априлија“ со кочански регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Ѓ., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

 

На 02.07.2025 околу 00.20 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Свети Николе- Овче Поле патничко возило „мерцедес“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(25) од Свети Николе, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка Е.Е.(24), а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

 

На 02.07.2025 во 15.22 часот во СВР Битола е пријавено дека на кружен тек од ул. „Булевар 1 Мај“, ул.„Марко Цепенков“ и ул.„Девеани“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(41) од Кичево и мопед „лонгија“ со битолски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговата сопатничка С.И.(50) од Битола, констатирани во  Клиничка болница Битола. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

 

Денеска (03.07.2025) во 03.40 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.П.(38) од Р.Србија, затоа што при гранична контрола констатирано е дека приложил фалсификувани патна исправа и лична карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка.

 

На 02.07.2025 во 14.05 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(56) од Р.Турција, затоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека приложил фалсификувана зелена карта. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

 

На 02.07.2025 околу 18.20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат с.Желино- с.Шемшово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Д.Н.(45) од с. Прељубиште и патничко возило „голф“ со тетовски регистерски таблици, управувано од Е.А.(35) од с. Желино. Со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., додека Е.А. и неговиот сопатник Е.С. се здобиле со телесни повреди. При вршењето на увид, полициските службеници од СВР Тетово утврдиле дека Е.А. возилото го управувал под дејство на алкохол, по што бил лишен од слобода по член 300 од КЗ „загрозување на безбедноста во сообраќајот“.

 

Денеска (03.07.2025) во 01.40 часот во СВР Скопје М.Ј.(33) од Скопје пријави дека околу 01.00 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

Денеска (03.07.2025) во 04.50 часот во СВР Скопје, З.Б.(61) од с.Таор,скопско пријави дека околу 04.30 часот пред здравствена установа на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од Н.М.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 02.07.2025 во 12.35 часот во СВР Скопје, С.Ј.(30) од Скопје пријави дека на 30.06.2025 околу 19.00 часот на подрачјето на Центар, три лица физички го нападнале нејзиниот малолетен син и му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.07.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје, М.Ф.С.(25) пријави дека околу 10.00 часот во просторија од објект на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од М.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.07.2025 во 19.40 часот во СВР Скопје, Б.А.(36) од  с.Текија, скопско, пријави дека околу 13.45 часот во с.Текија, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од С.Р. од с.Мршевци, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 02.07.2025 во 10.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(49) и П.Т.(54), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На  02.07.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца е пријавено дека се вратил нивниот штитеник И.И.(14) кој на 30.06.2025 беше пријавен дека се оддалечил од установата.