СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 18.05.2025 во Скопје, во аптека, пријавениот со закана со остар предмет кон вработената, одзел пари.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и Х.А.(59) од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“. Во текот на јуни 2024, пријавените склучиле договор со лице од Тетово за испорака на градежен материјал во износ од 126.755 денари, но по извршената уплата, на оштетениот не му бил испорачан градежниот материјал.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.06.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што е пронајдена и одземена марихуана.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Љ.(42) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 26.06.2025 на локалниот пат Скопје–Тетово, полициски службеници при извршен преглед над пријавениот, пронајдоа пиштол со рамка и куршуми калибар 7,62 мм, кои пријавениот неовластено го поседувал.
На 01.07.2025 околу 18 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена Е.Х.(41) од с.Синичане, која според пријавеното, се здобила со повреди околу 16.30 часот кога на шумски пат на место викано „Голем рид“ во с.Синичане била нападната од мечка.
На 01/02.07.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Н.(32) од Струмица, Р.Ф.(47), И.К.(36), А.К.(38), Д.М.(42) и Д.А.(32), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 01.07.2025 во 14.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Ласкарци,скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.З.(40) од с.Ласкарци,скопско и мотоцикл “харли дејвидсон“ со американски национални ознаки, управуван од И.Г.(52) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил возачот од патничкото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.07.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Филип Втори Македонски“ и Кеј „13-ти Ноември“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(55) од Скопје и електричен тротинет, управуван од Д.П.(24) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.07.2025 во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(68) од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 01.07.2025 во 20.15 часот во СВР Велес е пријавено дека на крстосница од ул. „Благој Ѓорев“ со ул. „Невена Георгиева- Дуња“ во Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Х.Т.(44) од Велес и мотоцикл „априлија“ со велешки регистарски ознаки, управуван од В.С.(32) од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Општа болница Велес. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес.
На 01.07.2025 во 09.30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Радовиш-Струмица, делница од село Владевци до раскрсница за село Добрашинци, струмичко, патничко возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(38) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 30.06.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано ,,Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(24) од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Демир Хисар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобил неговиот 16-годишен сопатник, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.
На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од Т.Т.(44) од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(60) од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
На 01.07.2025 околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (02.07.2025) во 02.00 часот во Полициската станица Кисела Вода пратеничката С.П. од Скопје пријави дека на 01.07.2025 околу 23.00 часот на бул „Србија“ во Скопје, едно лице, кое било со патничко возило „мерцедес“ и упатило закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.П.(61) од Скопје пријави дека околу 12.35 часот во објект на правно лице на подрачјето на Центар, затекнал едно лице кое пребарувало во неговата чанта, а откако го видело, лицето го турнало и избегало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.07.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје, Н.Г.(86) од Скопје пријави дека околу 08.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и го одзело личниот накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.07.2025 во 11.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, во подрумските простории од станбена зграда настанал пожар. Од пожарот биле зафатени четири подрумски простории. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.