Денеска (14.06) во 03.00 часот во СВР Скопје e пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, Г.М. (54) од Скопје управувајќи патничко возило „Мазда“ изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од патот, при што се превртело. Во несреќата Г.М. се здобил со тешки телесни повреди додек неговиот сопатник М.М (43) се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (14.06.) во 02.12 часот во СВР Битола e пријавено дека во село Логоварди, битолско, моторцикл управуван од 17 годишната Т.Б. од истото село изгубила контрола и удрила во паркирано товарно возило. Во несреќата, таа се здобила со тешки теленси повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 13.06.2025 година околу 10.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионалниот пат Скопје -Тетово, кај село Арнакија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(60) од село Буковиќ, скопско и патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(46) од село Пештани, охридско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 13.06.2025 година во 08.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од село Желино тетовско и патничко возило „Форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(52) од село Биџево, струшко. Во несреќата Ј.Џ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, кој што потоа поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид.
На 13.06.2025 година во 15.00 часот во Полициската станица Кавадарци е пријавено дека на регионалниот патот Кавадарци -Росоман, во близина на стопански објект се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (40) од Кавадарци и патничко возило „Фолксваген голф“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.Б.(31) од село Трстеник, општина Росоман. Во несреќата сопатничката од возилото „Опел“ - П.Д. (42) се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци, и потоа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за натамошно лекување, а двајцата возачи се здобиле со телесни повреди. За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, и увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 13.06.2025 година околу 12.20 часот во СВР Охрид пријавено е дека на планински пат од селото Ливоишта кон селото Требеништа, охридско, дошло до самоповредување во кое австриски државјани А.Х. (50) управувајќи моторцикл „КТМ“ изгубил контрола над моторот и паднал на земјениот пат, додека пак В.Д.М. (54) исто така австриски државјани управувајќи моторцикл марка „Хонда“ во обид да избегне судир со паднатиот моторциклист, закочил и излетал од планинскиот пат. Во несреќата В.Д.М се здобил со тешки телесни повреди, а А.Х. со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. За настанот е известен надлежен јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Охрид.
Денеска (14.06.) во 00.06 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Д.(42) од Виница, поради тоа што кај него биле измерени 2,88 промили алкохол во крвта, откако претходно на излезот од село Зрновци кон село Лески, кочанско, додека управувал патничко возило „Фолксваген голф“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртил на патот. Тој е исклучен од сообраќај, известен е надлежен ЈО, и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 13.06.2025 година во 17.15 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Н.К.(67) од Крушево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничкото возило „Застава“ со крушевски регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки констатирано е дека тој бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,09 промили алкохол во крвта. Н.К. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 13.06.2025 година во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т.П.(38) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 13.06.2025 година 23,30 часот на крстосницата на улиците „Љуботенска“ и „Киро Ристовски Дрнц“ полициски службеници од Полициската станица Тетово со средства за присилба го лишиле од слобода Р.К. (37) од село Порој, а по претходно добиени оперативни сознанија за недозволена трговија со дрога. Имено Р.К. управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ на даден знак стоп не го сопрел возилото со зголемена брзина се дал во бегство и од прозорот фрлил кесички со бела прашкаста материја. Во тој момент полицискиот службеник од службен пиштол испукал два предупредувачки куршуми во воздух, и Р.К. го сопрел возилото но започнал агресивно да се однесува кон полициските службеници, при што биле употребени средства за присилба - лисици. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 13.06.2025 година околу 18.00 часот, во СВР Велес, Е.Х.(25) од Велес, пријави дека на улицата „Хаџи Косте“ во Велес, неговата малолетна ќерка била физички нападната од С.У.(23) од Велес, при што напаѓачот употребил и метален предмет, а откако неговата 27-годишна сопруга дошла на местото на настанот, тој и кон неа упатил закани. Од страна на полициски службеници С.У. бил затекнат како во рацете држи остри предмети, му била дадена наредба да ги фрли, но истиот се оглушил на наредба, им се заканувал на полициските службеници движејќи се кон нив со намера да ги нападне, по што бил испукан еден предупредувачки куршум во воздух и повторно му била дадена наредба да ги фрли предметите. С.У. повторно се оглушил на наредбата, продолжил да се движи кон полициските службеници, и бил испукан уште еден предупредувачки куршум во воздух, по што напаѓачот го фрлил едниот предмет и се дал во бегство. Биле испукани уште два предупредувачки куршуми во воздух, а С.У. и натаму бегајќи го фрлил и другиот предмет. Предметите се пронајдени и одземени, за настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес, а по лицето интензивно се трага.