Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 13.06.2025

На 12.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.М.(37), И.Ц.(24), Б.С.(21), А.З.(28), сите од Скопје, и П.С.(19) од с.Волково, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.И.(35) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.03.2025 на регионалниот пат Велес-Штип, кај место викано „Штипска клучка“, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „опел“, во кое сопатник бил пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен хероин.

На 12.06.2025 во 17.15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.Ш.(46) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „мини“ со германски национални ознаки, кое го управувала, било барано од Интерпол - Сојузна Република Германија. Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Ј.(29) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 12.02.2025 во с.Добри Дол, гостиварско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 12.06.2025 во 23.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки управуван од 15-годишник од Битола и мопед „лонгиа“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишен сопатник на мотоциклот кој го управувал 16-годишникот, додека со телесни повреди  се здобиле двајцата возачи, констатирани во Општата болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Битола.

На 12.06.2025 околу 12.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на кружниот тек на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(31) од Свети Николе, удрило во пешакот П.Л.(71) од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

На 12.06.2025 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Вардариште“ настанал пожар на отворено, при што гори сува трева, ѓубре и дрва. Повредени лица нема, а екипи од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснале пожарот. Исто така, било пријавено дека од настанување на пожарот до 15.30 часот, на барање на противпожарната бригада, од МЕПСО превентивно била исклучена електричната енергија во општина Аеродром, како  и делови од с.Стајковци, Трубарево, Јурумлери и индустриска зона Гази Баба. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

СВР Велес поднесе кривична пријава против З.Ш.(47) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Денеска (13.06.2025) во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Бардовци, скопско, било опожарено патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Ѓ.(36) од с.Бардовци. Од пожарот било зафатено и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Н.(67) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.06.2025 во 12.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Горно Соње, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на П.Т.(50) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Денеска (13.06.2025) во 05.45 часот во СВР Скопје, С.К.(18) од Скопје пријавила дека околу 00.30 часот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од М.Е.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
 
Денеска (13.06.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, М.М.(46) од Скопје пријавил дека  околу 01.30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (13.06.2025) во 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 12.06.2025 околу 23.50 часот на подрачјето на општина Аеродром, З.Д.(64) од Скопје физички ја нападнал М.Н.(70) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2025 во 18.15 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 14.25 часот на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.А.(42). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.06.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, А.Т.(35) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во населбата Усје бил физички нападнат од Д.„Н“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.06.2025 во 22.45 часот во СВР Скопје, Д.С.(45) од с.Мршевци, скопско, пријавил дека околу 22.00 часот на игралиште во с.Мршевци, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.