СВР Битола поднесе кривична пријава против В.И. од с.Белче, демирхисарско, со престој во Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 28.05.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот каде престојува пријавениот, при што се пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети МДМА. На пријавениот му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.
На 07.06.2025 во ОВР Струга било пријавено дека околу 09.00 часот на крстосницата од регионалниот пат Р2243 со локалниот пат за с.Ливада, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(59) од с.Ливада и патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.М.(46) од с.Мислодежда, струшко. Во несреќата, возачот Б.Д. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека возачот К.М. се здобил со телесни повреди, констатирнаи во Медицински центар Струга. Увид извршила увидна екипа од ОВР Струга.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.С.(47) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 02.06.2025 на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, кај пријавениот е пронајдена и одземена марихуана.
На 07.06.2025 во ОБВР Прилеп било пријавено дека околу 18.00 часот на крстосицата од ул.„Александар Македонски“ и ул.„Борка Талевски“ во Прилеп, патничко возило удрило во велосипед управуван од Е.П.(42) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото. Во несреќата, велосипедистот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице - угостителски објект од Македонска Каменица”, Л.Л.(22) од Македонска Каменица-основач и управител на правното лице и Б.Г.(24) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“. На 16.05.2025, пријавениот Л.Л. како одговорно лице во правното лице ѝ дозволил на пријавената Б.Г., која не била вработена во објектот, да врши угостителски услуги, при што е констатирано дека со алкохолен пијалак послужила 17-годишник.
На 07.06.2025 во СВР Штип било пријавено дека околу 21.20 часот на ул.„Крушевска Република“ во Штип, Р.Ѓ.(58) од Штип, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и со мопедот паднал на коловозот. Во несреќата, возачот Р.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди, констатирана во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од СВР Штип.
СВР Скопје, поднесе кривична пријава против Е.Х.(53) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 27.05.2025 во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени три пиштоли, рамки за пиштол, дел од оружје и 643 куршуми.
На 07.06.2025 во СВР Охрид било пријавено дека околу 10.00 часот на ул.„15 Корпус“ во Охрид, откако запрело такси возилото „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(58) од с.Требеништа, општина Дебрца, Д.Н.(59) од Охрид, која се превезувала во возилото, ја отворила задната десна врата и удрила во велосипед управуван од Л.М.(64) од Охрид. Притоа, Л.М. се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа на СВР Охрид.
На 07.06.2025 околу 20.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат во с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, С.Г.(44) од с.Клечовце, управувајќи четирицикл, изгубил контрола и паднал на коловозот. По несреќата тој бил пренесен во болницата во Куманово и по укажаната помош бил препратен во Комплексот клники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.
На 07/08.06.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Сингелиќ, скопско, Ј.А.(26), Б.К.(31), Ф.Ш.(22), Н.И.(35), М.Б.(23), сите од Скопје и З.Т.(25) од с.Таринци, штипско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 07.06.2025 во 15.00 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Г.И.М.(21) и А.Б.М.(25), двајцата од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. Лицата се задржани во Полициска станица Гази Баба и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Денеска (08.06.2025) во 01.30 часот на Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го привеле А.С.(44) од Норвешка, постапувајќи по претходна пријава дека во авионот во кој патувал од Осло до Скопје, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, а при обид да биде извршен службен разговор со него агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.06.2025 во 20.00 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на одигрување на ракометен натпревар помеѓу екипите на РК „Вардар 1961“ од Скопје и РК „Пелистер“ од Битола, полициски службеници ги лишиле од слобода П.Д.(26) и Д.А.(23), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства. Против двајцата се поднесени поднесоци по Законот за спречување насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.
На 07.06.2025 во 02.30 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена од Скопје пријавила дека на 06.06.2025 околу 22.00 часот во домот каде што престојува на подрачјето на Кисела Вода во Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер С.А.(50), кој оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.06.2025 во 10.25 во СВР Скопје, Д.Ј.(45) од Куманово пријавил дека во 10.20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Кисела Вода во Скопје бил физички нападнат од А.Е.(26) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.06.2025 околу 16.15 часот во СВР Скопје, М.П.(30) од Скопје пријавил дека забележал оштетување од заталкан куршум од огнено оружје на кровот на патничко возило „фиат“ со скопски регистарски, паркирано во неговиот двор на подрачјето на Чаир во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното е подигнато за понатамошна постапка.
На 07.06.2025 околу 11.50 во СВР Скопје е пријавено дека во дворот на З.А.(78) од с.Батинци, скопско, настанал пожар во неговото патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Денеска (08.06.2025) во 03.10 часот во СВР Скопје, Д.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 00.10 часот на паркинг простор на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.06.2025) во 08.00 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(63) од Скопје пријавил дека во периодот од 01.04.2025 до 07.06.2025, од гробно место на Градските гробишта Бутел во Скопје со употреба на физичка сила и погоден алат била одземена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2025 во 16.06 часот во СВР Штип, М.Г.(26) од Штип пријавила дека околу 15.30 часот пред влезот во спортската обложувалница во Штип, каде што работела, била физички нападната од Г.Г.(38) од Штип, кој имал забрана за влез во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.06.2025 во 17.33 часот во СВР Штип, С.А.(57) од Штип пријавил дека во 16.00 часот во с.Доброшани, штипско, бил физички нападнат од К.П.(64) од Штип, кој употребил и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.06.2025 во 15.38 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во периодот од 19.00 часот на 06.06.2025 до 08.15 часот на 07.06.2025 од соблекувалната на Градскиот стадион во Пехчево, со употреба на физичка сила и погоден алат биле одземени повеќе предмети. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (08.06.2025) во 00.15 часот во СВР Штип, 37-годишна жена од штипско пријавила дека во семејната куќа на нејзината мајка била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Е.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.06.2025 во 23.20 во ОВР Кочани, Ф.А.(90) од Кочани пријавил дека околу 21.30 часот на терасата од неговата семејна куќа, едно лице му го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2025 во 19.30 часот во ОВР Делчево, 57-годишна жена од делечевско пријавила дека во дворот од семејната куќа, нејзиниот син бил физички нападнат од нејзиниот сопруг В.Ц., кој упатувал закани и кон другите членови на семејството. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.06.2025 во 17.15 часот во Полициската станица Валандово, вработена во угостителски објект во валандовско село пријавила дека пред објектот М.У.(38) од демиркаписко се самозадоволувал пред неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.06.2025 околу 14.34 часот во Полициското одделение Старо Нагоричане било пријавено дека во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, настанал пожар на сува трева и нискостеблеста шума, од кој делумно биле зафатени три куќи. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, а повредени лица нема. Извршен бил увид.