Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 06.06.2025

На 05.06.2025 година во 12.42 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,4-ти Ноември’’ во Битола малолетник додека управувал велосипед паднал на коловозот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Добрушево, битолско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 05.06.2025 година во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода В.В.(35) од Штип, како и А.Р.(23) и М.А.(24) двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана и грутчеста бела материја. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денеска (06.06.) во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода М.Н.(18) од с.Нов Караорман, општина Карбинци, затоа што при контрола во објект кај неа е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.06.2025 година во 19.25 часот, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода В.Л.(41) од Велес, затоа што му продал НН бела прашкаста материја на И.Д. (37) од Велес и при преглед на И.Д. истата е пронајдена и одземена. Известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против В.Л. ќе биде поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 од КЗ.

Денеска (06.06.) во 03.00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.Т.(28) од село Спанчево, кочанско.  При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници го сопреле патничко возило „пасат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Д.Т., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,25 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 04.06..2025 година полициски службеници од ОВР Кичево, постапувајќи по пријава од граѓани во врска со работата на дивата депонија во кругот на поранешниот Керамички комбинат „Вранешница“ во Кичево, а поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело по член 230 од КЗ на РСМ („загрозување на животната средина и природата со отпадни материи“) на разговор повикаа девет лицата  вработени од ЈП „Комуналец“ од Кичево. Истите биле затекнати како одлагаат отпад во дивата депонија, а на разговор дополнително бил повикан и директорот на ЈП„Комуналец“ а во врска со сомнение за сторено кривично дело по член 230 и член 353 од КЗ на РСМ. Известен е надлежен ЈО по чии што насоки се работи на целосно расчистување на случајот.     

На 06.06.2025 година во 01.00 часот  Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот  во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица. На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот. Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки  телесни повреди - убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување. Известен е надлежен ЈО, а од страна на ЕУМНА извршен е увид на местото на настанот, додека пак од страна на инспектори од ЕВР-ОКР Аеродором  бил сочинет Записник за примање на пријава по чл.123 вв. 19  од КЗ на РСМ. 

На 05.06.2025 година во 12.55 часот во СВР Скопје, И.П.(46) од село Љубин, скопско, пријавил дека околу 09.45 часот во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром,  непознато лице го нападнал неговиот малолетен син и со употреба на физичка сила му побарало пари и личен накит, а потоа го нападнал со остар предмет, по што откако не зел ништо го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2025 година во 19.35 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.И.(43) од Скопје, по претходна пријава, дека во продажен објект на подрачјето на Кисела Вода при обид да одземе разни предмети од објектот, физички нападнал вработена во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 05.06.2025 година во 19.10 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди е донесен М.Б.(60) од Швајцарија. По извршен службен разговор со неговата сопруга е констатирано дека околу 17.00 часот на патот од с.Катланово кон Катлановска Бања, М.Б. бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило. Потоа оштетениот се обидел со неговиот мобилен телефон да ги фотографира регистарските таблици, по што лицето му го одзело мобилниот телефон и го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2025 година во 22.00 часот во СВР Скопје, С.Н.(24) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од три лица. Потоа откако се обидел со возилото да ги следи со цел да ја фотографира регистарската таблица од нивното возило, бил забележан од истите и тие повторно физички го нападнале, при што му го оштетиле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 05.06.2025 година во 22.01 часот во СВР Скопје, Г.Ѓ.(48) од Скопје пријави дека околу 21.30 часот пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2025 година во 15.50 часот во СВР Скопје, Б.К.(38) од Скопје пријави дека на 04.06.2025 околу 21.45 часот на подрачјето на Гази Баба бил физички нападнат од Љ.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.06.2025 година во 19.45 часот во СВР Скопје, Х.М.(56) од Скопје пријави дека околу 18.15 часот во продажен објект на подрачјето на Чаир, едно лице и го одзело паричникот со лични документи и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.06.2025 во 15.40 часот во СВР Скопје Р.Б.(61) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.В.(71) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 05.06.2025 година во 23.30 часот во валандовско село полициски службеници од Полициската станица Валандово го лишиле од слобода О.К.(35) а по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 05.06.2025 година во 22.20 часот во СВР Куманово З.В.(52) од с.Бељаковце, кумановско пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.В.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.