Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 13.05.2025

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „противправно лишување од слобода“ и против Ш.М.(18) и малолетник, двајцата од село Шипковица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.03.2025 првопријавениот со закана со пиштол го одвел второпријавениот позади угостителски објект во Тетово и физички го нападнал. Истиот ден, второпријавениот и третопријавениот, кој носел автоматска пушка, отишле во близина на куќата на првопријавениот, при што предизвикале страв кај присутните.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.У.(51) од с.Долно Палчиште, тетовско,  Ј.И.(44) од с.Дебреше и А.М.(18) од с.Горно Палчиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“. На 27.02.2025 во атар на с. Долно Палчиште, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги затекнале пријавените, кои учествувале со свои кучиња во борба со кучиња. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.С.(30) и К.Б.(28), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.05.2025 во двор од семејна куќа во Кочани, пријавените со тврд предмет и физички ги нападнале Б.К. и Д.К..  

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.04.2025 во Пробиштип, по претходна расправија со А.А., пријавениот физички ја нападнал неговата сестра Т.А., а потоа со остар предмет упатувал закани на семејството на А.А. и на полициски службеници додека вршеле службени дејствија. 

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Н.(54) од Виница, вработен во Центар за јавно здравје Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против Љ.К.(62) од Виница, вработен во Центар за јавно здравје Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“.   Првопријавениот, во периодот од 01.01.2020 до 07.11.2023, во повеќе наврати впишал и издал здравствени прегледи во санитарни книшки и евидентни листови со ист сериски број издадени на повеќе правни лица со невистинита содржина и не ги евидентирал во евиденцијата на Центарот за јавно здравје Кочани со што го оштетил буџетот на Центарот за јавно здравје за износ од 89.200 денари. Додека, второпријавениот, кој бил задолжен за водење на евиденцијата на Центарот за јавно здравје, во амбулантскиот дневник за евидентирани здравствени прегледи, во периодот од 29.03.2022 до 07.11.2023 во повеќе наврати не ги евидентирал редоследно сите извршени здравствени прегледи за 2022 и 2023 година.  

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Т.(39) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 17.01.2025 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на возило кое го управувал пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин од кој им овозможил на други две лица да користат.

 

На 13.05.2025 во 01.46 часот во СВР Скопје била пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „цитроен ц3“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Т.(49) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. 

 

На 12.05.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.А.(21) и Е.И.(20), двајцата од с.Глумово, скопско, потоа Б.В.(23), Ф.П.(31), А.Б.(25) и двајца малолетници, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и семки од канабис. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци. 

 

На 12.05.2025 во 10.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Штип–Скопје, после наплатна станица Преод, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(50) од Скопје и патничко возило „мерцедес“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(59) од Виница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(49) од Тетово, удрило во пешакот Н.К.(35) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово. 

 

На 12.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Натанаил Кучевишки“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(40) од с.Страчинци, скопско и патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(71) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „голф“ Н.С.(67) од с.Страчинци, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.    

 

На 12.05.2025 во 19.11 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(50) од Скопје затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на СВР Скопје. Лицето е предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 12.05.2025 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.М.(57) од Република Турција затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на Интерпол. Лицето било предадено на Секторот за меѓународна полициска соработка за понатамошна постапка.

 

На 12.05.2025 во 19.45 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.С.(57) од Република Србија, со живеалиште во Кралство Холандија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека приложил фалсификувана возачка дозвола. Лицето било предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

 

На 12.05.2025 во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп, по што во објектот фрлиле рачна бомба, која не експлодирала. Од страна на полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР бомбата била демонтирана и безбедно подигната. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.В.(56) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, на катастарска парцела во државна сопственост во дебарската населба Венец, неовластено изградил времен објект, со што се стекнал со противправна имотна корист. 

 

На 12.05.2025 на Граничен премин Табановце, при гранична контрола и преглед на патничко моторно возило со романски национални ознаки, управувано од А.Ф.Ј.(47) од Романија, биле пронајдени два ножа и мачета. А.Ф.Ј. и неговиот сопатник М.Л.(33) од Романија биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (13.05.2025) во 04.33 часот во СВР Скопје било пријавено дека во  казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.05.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од ЈП „Паркови и зеленило“ било пријавено дека во Градски парк, кај бараките на Град Скопје, бил одземен споменикот на Крсте Петков Мисирков, а спомен бистата на Кочо Рацин била оштетена. Истиот ден во 13.25 часот, од Основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на подрачјето на општина Аеродром, било пријавено дека од дворот на училиштето била одземена спомен биста на Ѓорѓија Пулевски. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.  

 

На 12.05.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, Е.К.(24) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 15.50 часот на влез на трговски центар на подрачјето на Сарај  бил физички нападнат од А.Љ., Ќ.Љ. и И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.05.2025 во 20.15 часот во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица забележале како во патничко возило „ауди а4“ со швајцарски национални ознаки влегуваат неколку лица мигранти. Возилото не застанало на знак за запирање и  продолжило со движење. Набргу, во 20.20 часот возилото било пронајдено и во негова близина биле пронајдени четири женски лица – мигранти од Кина, од кои едната била во бессознание и била пренесена во болницата во Гевгелија за укажување помош, а останатите три лица мигранти биле сместени во прифатно – транзитен центар. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.  

 

На 12.05.2025 во 20.10 часот во с.Стајковци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(49) од с.Стајковци, скопско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, по што со тврд предмет нападнал еден од нив. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

 

На 12.05.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама. Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

 

На 12.05.2025 во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 12.05.2025 во 14.00 часот во Полициската станица Аеродром во Скопје бил приведен З.В.(66) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициска службеничка која извршувала службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

 

На 12.05.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Казнено - поправната установа Затвор Скопје, при извршување претрес во соба, осуденикот Р.Ш.(33) од Скопје физички нападнал затворски полицаец. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.