Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани10.05.2025

На 09.05.2025 во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за с.Куклиш, струмичко, до крстосницата за с.Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од с.Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола.

 

На 09.05.2025 околу 11.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Доне Божинов“, ул.„Ленинова“ и ул.„Тодор Велков“ во Куманово велосипед управуван од Ж.Ф.(64) од с.Речица, кумановско, удрил во пешакот Д.Д.(40) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општата болница во Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

 

На 09.05.2025 околу 18.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„МАНАПО“ во Скопје, патничко возило „мини“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишната Л.Т. од Скопје удрило во пешакот О.П.(18) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 09.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.К.(36), Д.М.(22), А.Б.(18) и М.Ч.(22),  сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 09.05.2025 во 18.45 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Беличица" во Гостивар, мотоцикл со гостиварски регистарски таблици, управуван од А.С.(42) од Гостивар, излетал од коловоз. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид извршила екипа од ОВР Гостивар.

 

Денеска (10.05.2025) околу 04 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.Х.(35) од Р.Турција, по претходна пријава дека околу 01.30 часот при физичка пресметка му нанел тешка телесна повреда на А.С.(34) од Р.Турција. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.05.2025 во 20.25 часот 45-годишна жена пријавила дека во Скопје, на подрачјето на Драчево, додека се движела, до неа поминало патничко возило и откако ја одминало се слушнало пукање во воздух од огнено оружје. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје излезено било на местото на настанот и пронајдена е една чаура од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.   

 

Денеска (10.05.2025) околу 04 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен бутик на подрачјето на Карпош. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 09.05.2025 во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

 

На 09.05.2025 во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.  Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.  

 

На 09.05.2025 во 18.50 часот во СВР Куманово, И.А.(50) и А.Б.(54), двајцата од Куманово, пријавиле дека на 06.05.2025 околу 17 часот, во близина на средно училиште во Куманово, по претходно недоразбирање, нивните малолетни деца биле физички нападнати од неколку малолетници, кои биле од истото училиште, при што употребиле тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (10.05.2025) околу 08.30 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во кругот на установата биле пронајдени и одземени две кесички со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.05.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, А.Д.(41) од с.Инџиково, скопско, пријавила дека околу 17.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 17-годишен син и неговата другарка К.Т. (18), двајцата од с.Инџиково, скопско, биле физички нападнати од нивен соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.05.2025 во 12.45 часот во СВР Скопје, С.Р.(45) од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.05.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, В.С.(59) од Скопје пријавила дека околу 15.00 часот во двор од куќа на подрачјето на Гази Баба,  била физички нападната со тврди предмети од нејзиниот сосед Р.П.(85). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.