Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.В.(32) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 22.12.2024 во угостителски објект во Крива Паланка, пријавениот насилно влегол во објектот и физички го нападнал обезбедувањето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Љ.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 23.01.2025, пријавениот - сопственик на фирма од Тетово, се договорил со лице од Тетово дека ќе му изврши транспорт на стока до Германија за износ од 2.500 евра, за што му издал фактура со потпис и печат, заверена од неговата фирма. Но, договорената стока, пријавениот не ја транспортирал, а парите не му ги вратил на оштетениот.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.М.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. На 20.03.2025, пријавениот го оставил своето 11-годишно дете да питачи пред маркет во Куманово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(45) и А.Ф.(35), двајцата од с.Теарце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници сопреле патничкото возило „фолксваген голф“, кое го управувал првопријавениот, при што тој од прозорецот фрлил марихуана, која била пронајдена. При преглед над второпријавениот, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Љ.(44) од село Отушиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.09.2024 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило во кое како сопатник бил пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
На 08.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(29), Р.Д.(33), К.Т.(31), А.Т.(33) и 15-годишник, сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 08.05.2025 во Полициската станица Бит Пазар, А.Б.(50) од Скопје пријавил дека во домот се вратил неговиот син А.Б.(14), за кој тој претходно пријави дека се оддалечил од домот.
На 08.05.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека во местото каде престојува се вратил 17-годишниот Х.Џ., за кој на 26.04.2025 беше пријавено дека се оддалечил од местото.
Денеска (09.05.2025) околу 00.15 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник К.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (09.05.2025) во 03.30 часот во Полициска станица Гази Баба, С.А.(44) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка О.А.(14). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 08.05.2025 во 17.05 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(65) од Скопје пријавила дека околу 17.05 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на сила и го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.05.2025) во 01.45 часот во СВР Скопје, К.К.(43) од Крушево пријавил дека околу 00.10 часот на паркинг пред угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.05.2025 во 13.17 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.50 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.А.(37), со кого е во бракоразводна постапка и кој притоа не го почитувал решението од Основен граѓански суд за привремени мерки за заштита од семејно насилство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.05.2025 во 23.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, поради претходно нарушени меѓусебни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Р.(31) и Б.Џ.(33), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.05.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, К.А.(40) од Скопје пријавил дека во ходник од зграда на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од Н.Ж.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.05.2025 околу 12.30 часот во СВР Скопје, А.А.(35) пријавил дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од В.К.(23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.05.2025) во 00.30 часот во СВР Скопје, 52-годишник од Скопје пријавил дека неговата малолетна ќерка, ученичка во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, подолг период добивала закани од двајца соученици дека физички ќе го нападнат нејзиниот помал брат, кој е лице со здравствени проблеми, доколку не им даде пари. Според пријавеното, таа била принудена и во повеќе наврати им давала пари, при што од домот одзела вкупно 25.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против правно лице од Струга, против Т.Б.(44) од Струга, управител на правното лице и против В.Н.(54), вработена во правното лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ по член 204 од Кривичниот законик. Пријавените, без да побараат документи за идентификација, му овозможиле на малолетно лице од Тетово во продажниот објект да купи алкохолни пијалоци, а подоцна, по консумирањето, кај него настанало труење и во неконтактибилна состојба бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга.