На 02.05.2025 година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирна од страна на лекар во Градската болница Прилеп, додека пак другиот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и не е во животозагрозувачка состојба. Извршен бил увид од надлежен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп , а телото на починатиот малолетник било предадено за обдукција.
На 02.05.2025 година во 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) со сервисна улица во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(37) од Скопје удрило во пешакот И.Н.(50) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобил пешакот И.Н. За настанот известен е дежурен ЈО при ОЈО Скопје, а извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Скопје.
На 02.05.2025 година во 11.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, четирицикл „Поларис“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(31) од село Старо Чајле, изгубил контрола врз четирициклот и удрил во жичана ограда и метална порта од објект сопственост на Ш.Б. Во несреќата Ф.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медиционскиот центар во Гостивар и поради природата на повредите тој е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. За несреќата известен бил надлежен ЈО, а увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Гостивар.
На 02.05.2025 година во 16.45 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ресавска“ и „Народен Фронт“ во Кавадарци , се случила сообраќајна несреќа во која што мопед марка „Хамачи“ со кавадаречки регистарски таблички управуван од Д.Ѓ. (22) од Кавадарци се излизгал на патот во моментот кога крстосницата ја минувало патничко возило „Ланд ровер“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) исто така од Кавадарци. Во несреќата од падот Д.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кавадарци.
На 02/03.05.2025 година во Скопје на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.М.(24) и С.Ш.(21) двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02/03.05.2025 година во Куманово на различни локации, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.С.(40) и Д.М.(33) двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени грутчеста материја, марихуана и семки од растениото канабис. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.05.2025 година во 23.40 часот, пред угостителски објект во туристичкиот комплекс „Горица“ во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода го лишија Р.В.(23) од Скопје. При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опаковка со бела прашкаста материја која се обидел да ја внесе во објектот. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.05.2025 година во СВР СКопје во два одвоени случаи лицата С.Б.И. (32) и А.Н. (65) од Скопје, пријавиле дека од нивните платежни картички од две банки во Скопје биле направени трансакции преку апликации што воопшто не ги познавале, при што од платежна картичка на С.Б.И. во седум трансакции од сметката и биле одземени 1040 евра, додека од платежна картичка на А.Н. исто така биле направени седум транскации во кои што му биле одземени 665 американски долари. Од страна на ЕЕКК сочинети се записници за примање пријави по член 251 од КЗ на РСМ, и се работи на расчистување на случаите.
На 02.05.2025 година во 13.00 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена од Скопје пријавила дека на 01.05.2025 околу 12.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер С.А. и неговиот татко С.А., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 02.05.2025 година во 09.45 часот во Скопје, полициски службеници од ОКР Гази Баба го лишиле од слобода Т.М.(59) од Скопје, а по претходна пријава дека во временски период од 06.25 часот до 07.42 часот на подрачјето на општина Аеродром, во станбена зграда, опожарил предна врата од стан и во село Катланово, општина Петровец, опожарил предна врата од викенд куќа. Известен е ЈО, против приведениот по итна постапка поднесена е кривична пријава по чл.288 од КЗ на рсм, а од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
На 03.05.2025 година во 22.10 часот, на улицата „Ѓорче Петров“ во Охрид, лишен од слобода е Г.Ц.(44) од селото Подмољје, општина Дебрца кој претходно, во семејниот дом во Охрид, физички ја нападнал неговата сопруга и двете малолетни деца. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.05.2025 година во 13.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Д.А.Б. од Охрид, била агресивна кон нејзиниот сопруг по што извршила оштетување во работилницата каде тој работел. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“,согласно член 144 од Кривичниот законик.
На 02.05.2025 година во СВР Битола било пријавено дека во викендичка, лоцирана во атарот на село Дихово, во сопственост на В.Т.(68) од Битола настанал пожар при што целосно е изгорена внатрешноста на викендичката. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 02.05.2025 во 19.45 часот во Полициска станица за граница и надзор Старавина било пријавено дека на превојот Слива на патот за с.Витолиште,прилепско имало паднато човек во провалија при што со возило од Итна медицинска помош при Општа Болница Прилеп е пренесен во Општа Болница-Прилеп и се работи за Ш.Ј.(74) од Прилеп кој се здобил со тешки телесни повреди при пад од висина.
На 02.05.2025 година во 21.15 часот, на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Б.П.Л.(36) од Република Франција, поради тоа што при извршени гранични проверки, во патничко возило „Форд“ со француски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 50 куршуми, калибар 22 мм. Лицето е предаден на полициски службеници од СВР Куманово, известен е дежурен ЈО и по негови насоки францускиот државјанин е лишен од слобода а наведената муниција е одземена со потврда за привремено одземени предмети. По целосно документирање на случајот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од КЗ на РСМ.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Кочани поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Убиство“ во обид по чл.123 ст.1 а во врска со чл.19 од КЗ на РСМ поднесе кривична пријава против И.М. (30) од село Тркање кочанско. Исто така поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“ по член 386, став1 од КЗ на РСМ кривична пријава е поднесена и против лицето Б.М (35) исто така од село Тркање. Имено, како што МВР веќе ја информираше јавноста вчера (02.05.) околу 00:00 часот пред продавница во село Тркање, додека група лица седеле пред продавницата дошле браќата И.М и Б.М по што без никаков повод и причина најпрвин лицето И.М го нападнал лицето Ж.Б со повеќе убоди од нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, а кога другите лицата пред продавницата се вмешале за да ја смират ситуацијата, лицето Б.М исто така со нож во раката замавнувал наоколу при што нанел повреди на две лица, а неговото дејствие предизвикало чувството на страв и несигурност кај другите лица. Од страна на ОВР Кочани веднаш е постапено по пријавениот настан преземени се сите потребни мерки и дејствија по што се обезбедени лицата кои го извршиле немилиот настан. Извршен е увид на местото на настанот, извршени се службени разговори со сите лица инволвирани во истиот, а пронајдени се предметите со кои е извршено кривичното дело.