ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(44) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.04.2025 во Полициската станица Кочани, пријавениот агресивно се однесувал и упатувал закани на полициски службеник додека вршел службени дејства, откако пријавениот претходно бил приведен за нарушен јавен ред и мир.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.Ј.(34) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријавениот во два наврати му продал марихуана на едно лице од Радовиш.
На 30.04.2025 во 13.15 часот во СВР Битола пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола пријавил дека во атарот на с.Могила безбедно била подигната една артилериска граната, што потекнува од Првата светска војна.
На 30.04.2025 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2025 во 16.25 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во 14.55 часот на тротоар на булевар „Маршал Тито“ во Струмица лице кое управувало електричен тротинет удрило во пешакот К.К.(62) од Струмица. К.К. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против A.T.(56) од Р.Турција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 23.04.2025 на Граничниот премин Деве Баир, при влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана меѓународна зелена карта, за товарно возило што го управувал.
На 30.04.2025 во 22.05 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.А.(52), затоа што при извршена пасошка контрола и проверка констатирано било дека бил баран по телеграма од ОВР Гостивар за спровод до Казнено поправна установа Затвор Тетово.
На 30.04.2025 во 20.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Соколарци-с.Жиганци, општина Чешиново–Облешево, мопед „хамачи“, без регистарски таблици, управуван од М.Ј.(73) од с.Соколарци паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Ј., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
На 30.04.2025 околу 16.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „алфа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Велес, удрило во малолетен пешак од с.Оморани, општина Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
На 30.04.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, патничко возило „пежо 406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.С.(37) од Скопје, удрило во пешакот Ј.Р.(71) од с.Врапчиште, гостиварско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот Ј.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 05.03.2025 во приватна компанија во Индустриска зона Бунарџик, пријавената одзела туѓа платежна картичка и неовластено извршила трансакции во две казина во Куманово.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(44) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 07.04.2025 пријавениот без знаење, согласност и дозвола на оштетено женско лице, со кое претходно живееле во вонбрачна заедница, објавувал нејзини фотографии на социјална мрежа.
На 30.04.2025 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од локален пат од с.Сарај кон с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната М.Б. од Скопје и мотоцикл, управуван од малолетник од с.Глумово, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (01.05.2025) во 02 часот во СВР Скопје, В.П.(35) од Скопје, вработен во казино на подрачје на Драчево, пријавил дека на 30.04.2025 околу 22 часот во казиното, откако на малолетно лице не му бил дозволен влез во објектот, дошле А.Б., Б.А. А.С. и уште едно лице, по што А.Б. физички го нападнал пријавителот. Исто така, А.Б. и А.С. со тврд предмет се заканувале кон пријавителот, неговиот брат и уште еден вработен во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.04.2025 во 09.50 часот од службени простории во пунктот за фотографирање на лични документи-Пролет полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Љ.(41) од Скопје, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејства. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2025 во 09.50 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен С.Е.(52) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фирма во с.Визбегово, скопско. Известен е трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.04.2025 во 11.20 часот во СВР Скопје, М.И.(71) од Прилеп пријавила дека од гробишта во село Драчево, скопско, била одземена една бронзена биста. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.04.2025 во 12.55 часот во СВР Скопје А.К.(44) од Скопје пријавила дека на 26.04.2025 околу 22.20 на автобуска постојка на подрачјето на Центар, нејзиниот 14-годишен син бил физички нападнат од четири лица, кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.05.2025) во 00.45 часот во Полициската станица Карпош, А.Џ.(55) од Скопје пријавил дека од местото каде престојувале се оддалечил неговиот син А.Џ.(8), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Денеска (01.05.2025) во Полициското одделение Шуто Оризари, Ш.С.(48) и А.А.(40), двете од Скопје, пријавиле дека од семејните домови се оддалечиле нивните ќерки А.С.(14) и А.А.(11). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
На 30.04.2025 во СВР Скопје 34-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Чаир била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.П.(42) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (01.05.2025) во 02.50 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ц.(28) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, а потоа во полициска станица физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејства. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 30.04.2025 во 18.25 часот во СВР Куманово, Б.В.(56) од с.Лопате, кумановско, пријавил дека околу 12.30 часот во с.Лопате, бил физички нападнат од М.Ф. и неговиот брат М.Ф., а едниот од нив употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 30.04.2025 во 00.50 часот во СВР Штип, С.П.(31) од с.Карбинци, општина Карбинци, пријавила дека на 29.04.2025 околу 23.30 часот, пред продажен објект во Штип, едно лице со употреба на сила и ги одзело парите од рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека на 27.04.2025 во стан на подрачјето на Центар, Љ.П. од Скопје имал сексуални односи со 15-годишен штитеник на установата. Со малолетникот, во присуство на старател и воспитувач од установата, бил извршен службен разговор и за настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесено писмено известување до ОЈО Скопје.