Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Основно јавно обвинителство Куманово против С.Ш., вработен во Полициското одделение Матејче при СВР Куманово поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас “ по член 235-а став 1 од КЗ. Имено, во временски период од 01.03.2024 година до 09.01.2025 година С.Ш. со намера за себе да прибави противправна имотна корист, без согласност од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје-КЕЦ Куманово во електричното броило кое се води на А.М. од с. Липково, извршил премостување на трите фази со кабли пред електричното броило директно во електричните проводници кои водат кон угостителски објект, без притоа електричната енергија да биде регистрирана од страна на електричното броило и неовластено ја користел за своите потреби, со што на Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје и причинил материјална штета од 398.847 денари. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник С.Ш. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителни мерки да му се одземе службеното оружје и муниција.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.С.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.03.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, кај кого биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Ј.(55) од с.Истибања, виничко, со привремен престој во Австрија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во својство на сопственик на катастарска парцела во с.Истибања изградил објект за домување-семејна куќа, без притоа да поседува одобрение за градба, издадено од надлежен орган.
СВР Штип поднесе кривична пријава против М.И.(22) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. На 26.01.2025 во Штип, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.С.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неизвршување на судска одлука“. На 10.04.2025 во Штип, пријавениот со секира оштетил врата во семејниот дом, обидувајќи се физички да ја нападне неговата сестра, а притоа постапил и спротивно на решение од Основен суд Штип.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К.(66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и „демнење“. На 18.12.2024 пријавениот физички ја нападнал поранешната девојка и потоа постојано телефонски и се јавувал и барал да ја повлече пријавата што ја поднела против него, а на социјални мрежи објавувал нејзини фотографии.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.А.(25) од с.Нова Маала, струмичко, осуденик во Казнено поправната установа Затвор Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.11.2024 затворската полиција извршила претрес во соба на осуденикот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(26), А.Џ.(23) двајцата од Тетово, М.Б.(35) од с.Неготино, полошко и И.Ќ.(34) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24.09.2024 пред казино во село Жеровјане, настанала физичка пресметка помеѓу прво и второпријавениот од една страна и трето и четвртопријавениот од друга страна, при што користеле метални предмети и пепер спреј.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 24.09.2024 при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени куршуми калибар 6,35 мм.
На 29.04.2025 во 08.50 часот на ул. „Павел Шатев “ во Скопје полициски службеници го привеле Б.Т. (46) од Гевгелија, со престој во Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „демнење“ по член 144-а од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 29.01.2025 до 29.04.2025 го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, како и неговите деца додека оделе во училиште. Против Б.Т. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.
На 29.04.2025 во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(21) од Скопје и М.М.Д.(24), затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно расчистување на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 29.04.2025 околу 18.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Петар Ичко“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип чироки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Е.(20) од Скопје и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Страхојадица, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 29.04.2025 во 21.45 часот во СВР Струмица е пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на „Градашорска крстосница“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.У.(34) од Велес, а со престој во Струмица, и мотоцикл „јамаха“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од И.В.(53) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 29.04.2025 во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 29.04.2025 во 08.40 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Љ.(29) од Скопје, со престој во Р.Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидирал на „стоп листа“ по телеграма од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување дете кое не наполнило 15 години“. Тој, во текот на 2024 година во повеќе наврати сексуално злоупотребувал малолетничка од Охрид, која во март 2025 година се породила. На пријавениот одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
На 29.04.2025 во 21.05 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „5 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(25) од Гевгелија и патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Б.Е.(34) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.Б.Е., констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
На 29.04.2025 во 22 часот во СВР Скопје, Д.Х.(76) од Скопје пријавил дека на 28.04.2025 околу 11 часот во зграда на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Н.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје, М.Б.(39) од Скопје пријавил дека на 28.04.2025 околу 15 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Н.К.(18) и еден малолетник, двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 29.04.2025 во 18.45 часот во СВР Скопје, А.П.(54) од Скопје, пријавил дека во с.Орешани, скопско, била опожарена неговата викенд куќа. Повредени лица нема. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.04.2025 во 21.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека при мерки преземени од Интервентната единица од затворската полиција во Казнено- поправниот дом од отворен тип во Струга, во една од просториите пронајдена и одземена е паковка со марихуана. По расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.