Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 27.04.2025

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.С.(37) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“. Нa 15.04.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот на увид приложил фалсификувана возачка дозвола.

 

На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Б.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.12.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 26.04.2025 во 12.31 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со црногорски национални ознаки, управувано од Р.Р.(49) од с.Кучевиште, скопско, удрил во велосипед, управуван од Љ.Г.(70) од Скопје. Во несреќата, велосипедистот Љ.Г. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител, по чија наредба возилото било одземено. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.В.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.12.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Скопје, затворските службеници извршиле преглед кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 26.04.2025 во 22.05 часот на Граничен премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(29) од Република Албанија затоа што при гранична проверка е констатирано дека се бара од Интерпол Италија. Лицето е предадено во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Ј.(24) и 17-годишик, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 28.12.2024 во Скопје полициски службеници извршиле преглед над Ф.Ј., при што била пронајдена и одземена марихуана. Додека, на 14.01.2025 во Скопје, извршен е преглед над малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

На 26.04.2025 во 17.45 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го привеле В.Х.(53) од Косово затоа што при гранична контрола е констатирано дека возилото „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, евидирало со мерка „Задржи и извести“ по барање на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВр Скопје. Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

 

На 26.04.2025 во 19.10 и 19.15 часот на подрачјето на Центар и на подрачјето на Средно Водно, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) и К.М.(34), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

На 26.04.2025 во 22.20 часот, Полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Г.Ј.(40) од виничко, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга со која е во бракоразводна парница. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.04.2025 околу 22.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 14 и 15 години од Скопје затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и претходно учествувале во физички пресметка помеѓу повеќе малолетници. При приведувањето, 15-годишникот нападнал и полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.04.2025 во 23.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.В.(29) од Штип затоа што го нарушил јавниот ред и мир и со тврд предмет нападнал полициска службеничка која извршувала службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.04.2025 во 01.47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Волково, скопско, настанал пожар во патничко возило, сопственост на Ф.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, а управувано и паркирано од Д.К.(62) од с.Волково. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

На 26.04.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле А.Р.(43) од село во општина Илинден затоа што во семејниот дом агресивно се однесувала и физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 27.04.2025 во 02.47 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Сарај, скопско, во автоплац настанал пожар во патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.А.(21) од с.Крушопек, скопско. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

 

На 26.04.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сопруг К.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 26.04.2025 околу 21.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во јавната установа за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ во Скопје се вратила М.Р.(11) , за која претходно беше пријавено дека се оддалечила од установата.

 

На 26.04.2025 во 23.45 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле В.А.(50) и Н.М.(52), двајцата од Скопје затоа што претходно го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 27.04.2025 во 02.30 часот н аподрачјето на Шуто Оризари во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.С.(25) од Скопје затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.