Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 25.04.2025

СВР Велес поднесе кривична пријава против Т.П.(40) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 04.04.2025, пријавениот со кредитна картичка на друго лице во неколку наврати подигнал пари од различни места.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(55), С.С.(57) и Ј.Ќ.(45), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 21.03.2025 и на 25.03.2025 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничките возила кои ги управувале пријавените, при што било констатирано дека вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.  

 

СВР Скопје поднесе кривични пријави против Ж.А. од Скопје, И.М.(39) од Кавадарци и  Ш.З.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.08.2024 на Средно Водно, полициски службеници извршиле преглед над Ж.А., при што пронашле и одзеле марихуана. На 13.09.2024 кај наплатната рампа Петровец, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „мерцедес“, управувано од И.М., при што во возилото бил пронајден и одземен хероин. Полициски службеници извршиле претрес во домот на Ш.З., при што биле пронајдени и одземени марихуана, ловечка пушка и 86 куршуми со калибар од 16 мм и 12 мм.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против A.С.(47) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 21.04.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична контрола, полициски службеници пронашле и одзеле ловечки куршуми со различен калибар во патничкото возило „сузуки“ со грчки национални ознаки, кое А.С. го управувал. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.В.(31) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,загрозување на сигурноста“ и ,,телесна повреда’’. На 31.12.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сестра и ѝ упатувал закани со огнено оружје. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Н.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 05.03.2025 во домот во Тетово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреди.  

 

На 24.04.2025 во периодот од 12.10 часот до 14.10 часот, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, по претходно издадена судска наредба, извршиле претрес во домот на Ф.Р.(41) од Скопје, на подрачјето на Карпош. При претресот биле пронајдени и одземени куршуми од различен калибар, марихуана, пиротехнички средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. За Ф.Р. е распишана централна потерница. 

 

На 24.04.2025 во 16.55 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Кичево-Осломеј, на влез во с.Мамудовци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.П.(88) од Кичево и патничко возило „тојота рав 4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(66) од с.Туин, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничката во возилото „тојота“ Р.Б.(67) од с.Туин, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

 

На 24.04.2025 во 19.51 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Делчево, патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(38) од Делчево, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и двајца малолетни сопатници, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 24/25.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.М.(27), М.Т.(26), Л.М.(26), А.М.(38), Ф.Б.(31), В.Р.(22) и 17-годишник, сите од Скопје, О.И.(19) од с.Пагаруша, скопско и С.К.(42) од с.Драчевица, скопско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници од истото село. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишeн малолетник, а со телесни повреди се здобил 12-годишeн малолетник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возилото било одземено, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Во координација со јавен обвинител, против Д.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.   

 

Денеска (25.04.2025) во 09.40 часот во СВР Скопје, Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, скопско,  пријавил дека на 24.04.2025 во с.Миладиновци, по претходно случена сообраќајна несреќа, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.04.2025 во 22.39 часот во СВР Скопје, Д.Н.(45) од Скопје пријавил дека околу 22.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Т.Ј.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 24.04.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, Ѓ.Т.(53) физички го нападнал К.С.(76), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 24.04.2025 во СВР Скопје, Б.И.(42) од с.Визбегово, скопско, пријавил дека на 22.04.2024 околу 16.30 часот во неговиот дом на подрачјето на Шуто Оризари, поради долг околу градежни активности, бил физички нападнат од И.А., Д.М., Џ.А. и Е.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 24.04.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, М.В.(51) од Скопје пријавил дека околу 16 часот, на подрачјето на Центар, во Скопје, едно машко лице со остар предмет и се заканувало на неговата малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на слуачјот. 

 

На 24.04.2025  во 13.30 часот во СВР Скопје, У.Д.(41) од Скопје пријавил дека околу 10.30 часот на работното место во Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје бил физички нападнат од В.Д. од Тетово, кој притоа оштетил дел од инвентарот, фрлал тврди предмети и упатувал закани кон други вработени од установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.К.(24) од Битола, со престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес во неговиот дом во Охрид, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и хашиш. 

 

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д.(27) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, неовластено узурпирал дел од катастарската парцела во месноста „Шпиље“ во Дебар, сопственост на АД „ЕСМ-Скопје“, со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.631.520 денари.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Л.(19) од Република Албанија, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.  При претрес во неговиот дом во Струга, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и дробилка.

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(48) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во текот на 2024 година, без да поседува соодветна документација и  одобрение, неовластено узурпирал земјиште во државна сопственост и бесправно изградил бетонска ограда.