На 20/21.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Џ.(47), П.Р.(32), Е.И.(39), А.И.(36) и И.Џ.(40) сите од Скопје и А.А.(50) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Р.(56) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 31.12.2024 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(39) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Арнакија, скопско, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Кондово, скопско, при што пронашле и одзеле пиштол „Застава“ калибар 7.65 мм и куршуми со калибар 7.65 мм.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против малолентик од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“. На 15.04.2025 во близина на с. Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници извршиле контрола во возило „хјундаи“, кое тој го управувал, а на кое имало скопски регистарски таблички кои припаѓале на друго возило, прин што биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
На 20.04.2025 во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетник и мопед „шинерај“ со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетеник, двајцата од Велес. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал мопедот „јамаха“, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
На 20.04.2025 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.50 часот на автопатот Скопје -Куманово, во близина на клучка Хиподром, мотоцикл со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.И.(23) од Штип, излетал од автопатот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.04.2025 во 05.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на П.Д.(74). Од пожарот со изгореници се здобил сопственикот и заедно со неговиот син О.Д.(52), поради вдишување на чад, биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Денеска (21.04.2025) во 01.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Љ.М.(36) од Пробиштип затоа што се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија и затоа што претходно во дворот од нејзината куќа физички ја нападнал Т.А.(23) од Пробиштип. Според пријавеното, околу 23.20 часот во казино во Пробиштип, Љ.М. физички бил нападнат од А.А. од Пробиштип, брат на Т.А., по што отишол во нејзиниот двор за да го најде А.А.. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Денеска (21.04.2025) во 02.31 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје, по претходна расправија, В.М.(41) и И.С.(46) и еден малолетник, сите од Скопје биле физички нападнати од М.Љ. и уште неколку други лица, кои употребиле тврди предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.04.2025 во 13.40 часот во СВР Скопје, С.К.(59) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот на подрачјето на Шуто Оризари бил физички нападнат од Б.Џ.(29) од Скопје, кој употребил тврд предмет и му го оштетил неговото патничко возило „фолксваген голф“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.04.2025 во 10.20 часот во Полициската станица Карпош, од Јавната установа за згрижување деца – Организациона единица Влае било пријавено дека нивниот штитеник Р.М.(17) го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување, упатувал закани на вработено лице, оштетил дел од инвентарот во службените протории, по што се ддалечил од установата, од која и претходно се оддалечувал и бил враќан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 20.04.2025 во 22.43 часот во СВР Скопје било на подрачјето на Шуто Оризари неколку лица физички го нападнале С.И.(49) од Скопје пред неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 20.042025 во 19.10 часот во ОВР Берово, Б.Р. од село Владимирово, беровско, пријавил дека во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од Ф.Р. , кој употребил стаклен предмет. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.04.2025 во 23.45 часот, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода Ѓ.С.(27) од Битола, со престој во крушевско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.04.2025 околу 13.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во населба „Точила“ во Прилеп настанал пожар во стан сопственост на Т.Ј., во кој престојувала неговата неговата сестра Ц.С.(51) и неговиот зет Д.П.(40), двајцата од Скопје.Од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад Ц.С. и сосетката С.П.(73) од Прилеп биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.