Дневни билтени

Извадок на дел од дневните настани 20.04.2025


На 19/20.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Р.(20), И.Љ.(33), М.М.(36), Ј.С.(32), И.С.(31), И.И.(30) и Ф.И.(32), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

На 19.04.2025 околу 19.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на бул.„Александар Македонски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски таблици, управувано од Л.А.(69) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.А., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 19.04.2025 во 21.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Н.(18) од Скопје, и патничко возило „бмв“ со чешки национални ознаки, управувано од Т.К.(24) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ С.Ј.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото „фолксваген голф“ А.Ф.(20) и М.Р.(19), двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 19.04.2025 во 14.10 часот во ОВР Делчево, било пријавено дека на ул.„Генерал Темпо“ во Делчево патничко возило „фиат“ со делчевски регистарски таблици, управувано од Г.П.(26), удрило во малолетник, двајцата од Делчево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Здравствениот дом во Делчево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Делчево.

 

На 19.04.2025 во 12.15 часот во ОВР Гостивар, било пријавено дека на патот Гостивар-Кичево, мотоцикл „хонда“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Г.И.(33) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.В.(23) од Злетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’. На 31.12.2024 во с.Доброшинци, струмичко, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што била пронајдена и одземена марихуана.

 

СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.М. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.12.2024 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

 

На 20.04.2025 околу 01 часот во СВР Велес, од страна на вработен во КПУ Идризово- Отворено одделение Велес, било пријавено дека во соба кај Ф.Е.(31) од Велес, кој издржувал казна затвор, била пронајдена бела прашкаста материја. Од страна на полициски службеници од СВР Велес пронајденото е одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (20.04.2025) во 05.10 часот во Полициската станица Кочани К.С.(49) од Кочани пријавил дека околу 01.30 часот во Кочани неговата малолетна ќерка била физички нападната од Х.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.04.2025 во 03 часот во Полициската станица Виница С.Т.(33) од с.Истибања, виничко пријавил дека околу 02.20 часот во селото, по претходно недоразбирање, М.М. од с.Моштица, Македонска Каменица, се обидел да го нападне со остар предмет, а потоа му упатувал закани по телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

На 19.04.2025 во 23.45 часот пред угостителски објект во с.Младо Нагоричане полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.А.(25) од Р.Србија, затоа што агресивно се однесувал и омаловажувал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а по извршено алкотестирање утврдено било дека бил под дејство на алкохол. Известен е јавен обвинител од ОЈО Куманово и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Денеска (20.04.2025) во 00.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во централното подрачје во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.А.(23) и Д.А.(52), двајцата од Куманово. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.04.2025 во 21.27 часот во СВР Куманово, Н.М. од с.Режановце, кумановско, пријавила дека од домот во с.Љубодраг,кумановско, се оддалечил нејзиниот брат С.С.(49), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

              

На 19.04.2025 во 09.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Ѓ.(19) од Куманово, по претходна пријава од неговата 24-годишна девојка од Куманово, дека околу 08 часот во неговиот дом физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 19.04.2025 во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода се Е.Д.( 28) од Тетово, Ш.Т.(25) од Турција, со привремен престој во Скопје, А.Д.(25) од Сенегал, со привремен престој во Гостивар и германскиот државјанин А.А.(31). Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан на 19.04.2025 во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Денеска (20.04.2025) во 01.52 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Б.Ф.(22) од Р.Бугарија, по претходна пријава од негова 58-годишна роднина од Скопје, дека околу 01 часот во нејзиниот дом, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

              

Денеска (20.04.2025) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(26) од Скопје, по претходна пријава од Џ.С.(32) од Скопје, дека на 19.04.2025, по претходно недоразбирање, А.И. со остар предмет и огнено оружје им упатувал закани на него, неговиот брат и неговиот чичко, а потоа со тврд предмет физички го нападнал пријавителот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

Денеска (20.04.2025) во 04.36 часот во СВР Скопје, М.С.(30) од с.Крушопек, скопско, пријавил дека во с. Крушопек било опожарено неговото патничко возило „алфа“. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

              

На 19.04.2025 во 17.15 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(24) од Скопје, пријавил дека околу 04.00 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од И.Х.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.04.2025 во 17.18 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 16.50 часот на паркинг простор на подрачјето на Сарај, малолетник од с.Сарај,скопско, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 19.04.2025 во СВР Скопје, М.И.(56) од Скопје и Л.М.(71) од Скопје пријавиле дека на гробиштата во Бутел од гробни места биле одземени две бронзени бисти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

              

На 19.04.2025 во 06.10 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во парк на подрачјето на Карпош, бил пронајден починат Ф.Џ.(45) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.