СВР Битола поднесе кривична пријава против З.Т.(64) од Македонски Брод поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 03.04.2025 во близина на с.Инче, општина Македонски Брод, полициски службеници извршиле контрола над патничко возило, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против K.Р.(44) од с.Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.01.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Л.(46) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 16.02.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 мм со рамка и куршуми со калибар 7,65 мм.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ц.Н.(57) од с.Ботушје, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјал“. На 16.02.2025, полициски службеници извршиле претрс во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 и патрони за ловечката пушка калибар 12.
На 17/18.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода О.Б.(19), П.Ѓ.(19), В.А.(35), Ф.М.(31), З.Д.(38) и М.К(29), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 17.04.2025 во 20.30 часот на Граничен премин „Делчево“, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л.(57) од Република Полска затоа што при гранична контрола приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за патничко возило „бмв“ со полски национални ознаки, кое го управувал. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител,а тој бил предадена во ОВР Делчево за понатамошна постапка.
На 17.04.2025 во 10.45 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.Ј.(49) од с.Сарај, скопско, затоа што при гранична контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „ауди“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, било барано по Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, а возилото му било одземено.
На 17.04.2025 во 10.40 часот во СВР Скопје, В.Н.(54) од Скопје пријавила дека на 16.04.2025 во 23.04 часот во градски автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од две машки лица. Се преземаат мерки за расистување на случајот.
На 17.04.2025 во 19.40 часот во СВР Скопје, Х.О.(18) од с.Љубанци, скопско, пријавил дека околу 19.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2025 во 19.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.25 часот на кеј на река Вардар на подрачјето на Центар во Скопје, две машки лица физички го неговиот малолетен син и со закана со тврд предмет му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18.04.2025 во 01.10 часот во Полициската станица Чаир, А.М.(46) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга Љ.М.(44) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 17.04.2025 во 20.20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко. Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица - Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.04.2025 во 14.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, тетовско и Н.С.(55) од с.Камењане, тетовско. При контрола во возилото „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Н.С., било констатирано дека вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Додека, при преглед кај Х.Ш., кој се превезувал во возилото, биле пронајдени и одземени околу 40.000 евра во различни апоени. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 279 и член 284-а од Кривичниот законик.
На 17.04.2025 во 18.45 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода М.Д.(25) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачје на општина Аеродром во Скопје, физички ја нападнала својата 78-годишна баба. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 17.04.2025 во 21.25 часот во СВР Скопје, Д.М.(48) од Скопје пријавила дека во 16.30 часот на кеј на река Вардар на подрачјето на Центар во Скопје, нејзиниот 17-годишен син бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.04.2025 во 20.20 часот во СВР Скопје, Ш.Д.(51) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и Л.Д.(27), од една страна и Б.И.(35) и С.И.(44) од друга страна, сите од Скопје, при што му бил оштетен мотоциклот. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.04.2025 во 09.04 часот во СВР Скопје, Х.А.(31) од Берово пријавил дека околу 08.30 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од едно машко лице, кое употребило тврд предмет. Се преземаат мерки за расччистување на случајот.
На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(75) Скопје пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиче неговите три внуки - К.М.(15), В.М. и И.М.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.