Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 11.03.2025

На 10.03.2025 во 15.30 часот на експресен пат Штип– Кочани, кај село Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода А.М.(26) од Скопје, со живеалиште во Кочани. При контрола во патниот сообраќај со уред за мерење брзина – радар надвор од населено место, било измерено дека тој управува патничко возило „фолксваген пасат“ со кочански регистарски ознаки со брзина од 151 километри на час на место каде што брзината е ограничена на 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.


На 10.03.2025 во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.03.2025 во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Х.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2025 во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ј.В.(42) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2025 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.03.2025 во 20.00 часот на ул.„Никола Тесла“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.К.(34) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (11.03.2025) во 00.35 часот на Граничниот премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.Г.(39) од Република Турција затоа што при извршена контрола било констатирано дека приложил фалсификувани зелени карти за товарно возило „форд“ и полуприколка со турски национални ознаки, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Крива Паланка за понатамошна постапка.

На 10.03.2025 во 11.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај надвозникот за с.Кукуречани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа" со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола и товарно возило „ивеко" со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од с.Обршани, општина Кривогаштани. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починале возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.Д.(42) од Велика Британија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола. Додека, сопатникот во патничкото возило С.К. од Индија се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид, во присуство на јавен обвинител, извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ружа Делчева“ во Битола, патничко возило „опел”со битолски регистарски ознаки, управувано од С.К.(22) од Битола, удрило во пешакот М.Д.(66) од Битола. Во несреќата, М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 12.10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Битола, Д.И.(71) од Битола, управувајќи мопед „томос” со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Притоа, Д.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево - Охрид, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од Е.С.(30) од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 10.03.2025 околу 18.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ со ул.„Нерешка“ во Скопје, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(25) од Скопје, удрило во малолетничка-пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 10.03.2025 во 10.45 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 10.03.2025 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, Б.П.(72) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

На 10.03.2025 во 12.40 часот во Полициската станица Центар, Н.Д.(43) од Скопје пријавил дека на ул.„Иљо Војвода“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

 

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ и „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Б.Б.(39), А.Д.(34), Б.А.(30), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, против Н.Д.(22) и А.Д.(23), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „убиство“, против Н.Г.(39) и К.Т.(28), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“. На 10.02.2025 во Скопје на паркинг простор на подрачје на Чаир, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Х.Б.(35), второ, трето и седмопријавениот, од една страна и прво, четврто, петто и шестопријавениот и Н.М.(31), од друга страна, која преминала во вооружена престрелка, во која првопријавениот со пиштол испукал неколку проектили и ги погодил Н.Д. и Х.Б.. Од здобиените повреди, Х.Б. починал на место. По ова, четвртопријавениот и третопријавениот со пиштол започнале неконтролирано да пукаат, при што третопријавениот се здобил со повреди, а од проектилите биле оштетени и неколку паркирани возила. Потоа, второпријавениот со друго лице го однеле починатиот во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, а останатите пријавени се обиделе да ги скријат трагите, оружјата и возилата. Набргу , по пријавување на настанот, по преземени мерки од слобода биле лишени учесниците во настанот, додека по негово целосно документирање е поднесена пријавата.

 

На 10.03.2025 во 19.30 часот во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско го лишиле од слобода С.С.(43) од Прилеп, кој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувал затворска казна. С.С. бил спроведен во установата за доиздржување на казната.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект и А.А.(37) од Тетово поради постоење основи за сторено кривично дело „недозволена наплата или исплата во ефективни странски пари“. На 26.01.2024, второпријавениот - вработен во спортска обложувалница, додека бил на работното место, на две лица им сменил 300 долари за што им дал 16.500 денари, а подоцна било утврдено дека странските валути биле фалсификувани.

 

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност" по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 09.01.2025 на улица „Тодор Јанев“ во Велес, со бензин предизивкал пожар на паркирано патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на Е.Џ.(28) од село во општина Чашка. По преземени мерки, со пријавениот бил извршен службен разговор, при штотој го признал делото.

 

На 10.03.2025 во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупбо 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари. Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2025 во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот дом во селото, додека се движел со неговото возило „форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, патот му бил попречен од паркирано возило „ауди“, по што со неговото возило се вратил назад, а забележал дека и возилото „ауди“ почнало да се движи по него и да го следи. Според пријавеното, продолжил со движење на локалниот пат кон Велес и на излез од селото во неколку наврати слушнал звук за кој се посомневал дека е од огнено оружје. Додека бегал од возилото „ауди“, на улица „8 Септември“ во Велес со неговото возило удрил во патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, при што била причинета само материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2025 во 07.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(71) од с.Стајковци, општина Гази Баба, пријавил дека околу 06.30 часот во импровизирнаа гаража во дворот од неговата семејна куќа биле опожарени паркирани патнички возила „шевролет спарк“ и „тојота“ и мотоцикли „хонда“, „сузуки“ и „баотиан“, сите со скопски регистарски ознаки, во негова и сопственост на неговиот син З.С.(50) од с.Стајковци. Од пожарот била зафатена и фасадата на неговата куќа, како и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на соседот С.Н.(20) од с.Стајковци. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 10.03.2025 во 09.15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека во Медицински центар Кичево со тешки телесни повреди бил донесен В.Љ.(32) од кичевското село Жубрино. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на куќа на улица „Стојан Санденски“ во Кичево. Увид извршиле екипа од ОВР Кичево и трудов инспектор и се работи на расчистување на случајот.

 

Денеска (11.03.2025) во 08.30 часот во СВР Скопје, С.М.(43) од Скопје пријавил дека на 10.03.2025 околу 17.30 часот на спортско игралиште на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, кои ги познавал и на кои им возвратил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 37-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Д.В.(51) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

 

На 10.03.2025 во 13.20 часот во СВР Скопје, А.С.(25) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот во автосервис на подрачјето на Мирковци, по претходна расправија околу поправка на возило, бил физички нападнат од А.А. и уште едно машко лице, при што биле употребени остар и метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.03.2025 во 18.10 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом, нејзиниот сопруг И.М. ѝ упатувал закани и се обидел да ја удри со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 10.03.2025 во 10.10 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека во установата се вратил нивниот штитеник Х.С.(16), за кој на 07.03.2025 беше пријавено дека се оддалечил од установата.

 

На 10.03.2025 во 21.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле А.М.(14) од Скопје, за која на 13.02.2025 во Полициското одделение Шуто Оризари беше пријавена дека се оддалечила од семејниот дом. Таа била предадена на нејзиниот старател.

 

На 10.03.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Центар, И.К.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

 

На 10.03.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Центар, А.М.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје била касната од куче скитник.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против К.З.(64) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на докажување“. На 06.02.2025, пријавениот со намера да го спречи или отежне докажувањето на границите на парцела, сопственост на лице од Кочани ги отстранил металните колчиња, поставени од геодетска фирма од Кочани.

 

СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(42) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле куршуми со калибар 9мм.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Т.(62) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 19.02.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“, сопственост на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Baikal“ ТОZ 34 EP калибар 12 мм со патрони, за која не поседувал соодветна документација.