Дневни билтени

Извадок на дел од дневни настани 10.03.2025

На 09.03.2025 во 11.20 часот на улица ,,Момчило Јорданоски“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле С.Ѓ.(45) од Охрид. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Охрид за издржување на казна затвор од три ипол години за сторено кривично дело „разбојништво“. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

На 09.03.2025 во 18.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Ч.С.(63) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал, и притоа констатирале дека тој е под дејство на алкохол и веднаш го исклучиле од сообраќај. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

На 10.03.2025 во 00.35 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, полициски службеници од ООВР Кичево го лишиле од слобода Ж.М.(49) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Денеска (10.03.2025) во 01.30 часот на паркинг простор на Водно, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2025 во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.С.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2025 во 19.40 часот во населба Тризла во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода В.А.(22) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (10.03.2025) во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги превеле Б.А.(25) и А.Б.(24), двајцата од Република Турција, затоа што кај Б.А. била пронајдена и одземена марихуана и затоа што немале регулиран престој во државата. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.03.2025 во 20.35 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(35) од Куманово затоа што при пасошка контрола било констатирано дека тој и патничкото возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле предмет на потрага во врска со кривични дела по член 278-а и „фалсификување исправа“. Возилото било одземено, а тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.

На 09.03.2025 околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола - Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко воизило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(47) од Ресен, патничко возило „пежо 2008“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.К.(51) од Битола и патничко возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од с.Асамати, ресенско. Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот Г.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А.(47) од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.

На 09.03.2025 околу 23.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Карбинци, на влез во с.Карбинци, патничко возило „тојота“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(36) од с.Карбинци, излетало од патот и удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото починал сопатникот М.Т.(34) од Штип, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Л., констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

На 08.03.2025 во 17.30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека Н.Р.(33) од кичевското село Зајас, управувајќи четирицикл на шумски пат помеѓу кичевските села Кнежино и Крушино, излетал од патот. Тој бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На 09.03.2025 во 19.30 часот во Полициската станица Карпош, А.О.(38) од с.Долно Свиларе, скопско, пријавил дека на ул.„Момин Поток“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 09.03.2025 во 21.00 часот во ОВР Прилеп, В.А.(63) од Прилеп пријавила дека на ул.„Трајко Тарцан” во Прилеп била касната од куче скитник.

На 09.03.2025 во 12.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци го лишиле од слобода М.И.(54) од Кавадарци поради сомнение за сторено кривично дело по член 297 - А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, каде се одвивала јавна манифестација „Кавадаречки полумаратон“, тој не испочитувал наредба на полициски службеник да запре со возилото и продолжил да се движи по улицата. М.И. бил задржан во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.03.2025 полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.Н.(21), Ф.М.(21) и С.А.(25), сите од село Криволак, неготинско. Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва. Притоа, Ф.М. и С.А. побегнале, а Н.Н. бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени Ф.М. и С.А. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.03.2025 во 14.15 часот во атар на с.Алданци, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево го лишиле од слобода А.И.(38) од с.Норово, крушевско, поради основано сомнение за извршено кривично дело по член 288 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека во село Алданци, кај место викано „Кобел”, предизвикал пожар на сува трева и стрниште, по што била зафатена нискостеблеста дабова шума на поголема површина. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 08.03.2025 во 14.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.З.(45) од Куманово затоа што од приватен имот на улица „Лесковачка“ одзел пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

На 09.03.2025 во 19.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека со употреба на сила, од резервоарот на механизацијата во ХЕЦ „Маврово“ била одземена нафта. По преземени мерки, во 19.20 часот на регионален пат во Маврови Анови, на место викано „Улазна“, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.З.(56) од гостиварски Вруток, при што била пронајдена одземената нафтата и други предмети. А.З. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

На 09.03.2025 во 21.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода О.И.(34) од Велес затоа што кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. О.И. бил приведен во Полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.03.2025 во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12.30 часот на локален пат село Дрен - село Чифлик, општина Демир Капија, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од А.Б.(48) од Неготино, удрил во овци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во општа болница Кавадарци. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

 

На 09.03.2025 во 08.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08.30 часот на подрачјето на општина Аеродром настанал пожар во стан, сопственост на Н.А.(50) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.    

 

На 09.03.2025 во 23.00 часот во СВР Скопје, С.С.(27) од село Ново Село, скопско, пријавил дека пред неговиот дом во селото бил каснат од куче.

 

На 09.03.2025 во 23.40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(40) и Н.А.(21), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22.30 часот во двор од семејната куќа, сопственост на Р.Т., на подрачјето на Шуто Оризари, физички нападнале неколку членови на неговото семејство, при што фрлале остри предмети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. 

 

Денеска (10.03.2025) во 01.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во Скопје настанал пожар во патничко возило „рено меган“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Р.(23) од Скопје. Во пожарот делумно биле зафатени и други седум патнички возила: „сузуки“ сопственост на Х.С., „опел“ сопственост на правен субјект , „шевролет“ сопственост на Т.А., „шевролет“ сопственост на А.Ш., „фиат“ сопственост на правен субјект, „шкода“ сопственост на Ј.Ј. и „хјундаи“ сопственост на П.Ш., сите со скопски регистарски ознаки. Од екипа на Брогадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Увид бил извршен.    

 

На 09.03.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во куќа во Свети Николе бил пронајден починат Д.В.(32) од Свети Николе. Смрет без траги на насилство констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител, телото било дадено на семејството. По преземени мерки во координација со јавен обвинител, било утврдено дека тој со А.П. неовластено се вселиле во куќата, чии сопственици биле од Скопје и Пробиштип, и дека претходно со А.Ј.(34) користеле дрога. Во врска со настанот од слобода бил лишен А.Ј., а А.П. била повикана во полициска станица и со неа бил извршен службен разговор. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 09.03.2025 во 23.20 часот во СВР Скопје, Д.С.(48) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (10.03.2025) во 02.00 часот во СВР Скопје, А.Ш.(43) – такси возач од Скопје, пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, додека чекал патник, бил физички нападнат од друг такси возач - М.Б. од Скопје, кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

На 09.03.2025 во СВР Скопје, 46-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 15.00 часот во семејниот дом, таа, 15-годишната ќерка и нејзината 66-годишна мајка биле физички нападнати од нејзиниот сопруг Г.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.03.2025 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во периодот од 05.03. до 09.03.2025 на подрачјето на Кисела Вода со употреба на сила било влезено во магацински простор, сопственост на правно лице, и биле одземени три мотоцикли. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Денеска (10.03.2025) во 03.50 часот во СВР Скопје, Д.П.(47) од Прилеп пријавил дека околу 00.40 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на сила му одзело мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

На 09.03.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во 15-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во незгодата малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

На 09.03.2025 во 10.41 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден Н.С.(13) од Скопје, за кого претходно во Полициското одделение Шуто Оризари, неговиот згрижувач Р.Н.(58) од Скопје пријавил дека се оддалечил од домот.

 

Денеска (10.03.2025) во 03.00 часот во СВР Скопје, А.Х.(21) од Скопје пријавил дека во периодот од 01.00 до 02.30 часот на подрачјето на Бит Пазар му бил одземен мотоцикл „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Т.(22) и Д.Т.(22), двајцата од Куманово, поради постоење основи за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 26.02.2025 во Куманово, пријавените физички нападнале полициски службеници додека вршеле службени дејствија.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.Ј.(41) и С.З.(34), двајцата од Тетово, поради постоење основи за сторено кривично дело „насилство“. На 18.11.2024 во с.Брвеница, тетовско, пријавените физички ги нападнале Г.С. (24) и 21 - годишната Д.Н..

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,телесна повреда’’. На 24.02.2025 во Кратово, пријавениот физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка и ѝ нанел повреди.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Џ.(18) од Струга поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.11.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.И.(38) од Тетово поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 09.11.2024 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, кој управувал патничко возило со германски национални ознаки, при што пронашле и одзеле марихуана.

 

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Н. (24) од Неготино поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. Полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории на пријавената, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Е.(20) од Струга поради постоење основи за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.12.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиштол „Екол Мајор“ 9мм, за кој не поседувал дозвола.

 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(41) од Кратово поради постоење основи за сторено кривично дело ,,узурпација на недвижности“ и ,,бесправно градење“. Во периодот од март 2024 до јануари 2025 во Кратово, пријавениот узурпирал земјиште на катастарска парцела во државна сопственост, на тој начин што изградил објект од тврда градба за домување за кој не поседувал одобрение за градба и соодветна документација.

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Ц.(43) од Косово поради постоење основи за сторено кривично дело ,,пустошење на шума’’. На 03.03.2025 на место викано „Карабунар“, атар на с.Јажинце, тетовско, пријавениот бил затекнат од вработени во Национален парк „Шар Планина“ како врши бесправна сеча на огревни дрва. 

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.А.(38) од гостиварско село поради постоење основи за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 23.01.2025, пријавениот не им дозволувал на неговата сопруга со нивните две малолетни деца да излезат од семејниот дом.