На 08.03.2025 година во 13.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат од Св.Наум кон Охрид, кај населбата „Рача“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Кавасаки“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ј.Ц.(26) од Охрид и патничко возило „Мазда“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(76) од село Враништа, струшко. Во несреќата на лице место починал мотоциклистот Ј.Ц. констатирано од страна на ИМП. Извршен е увид од надлежен ЈО и увидна екипа од СВР Охрид, а телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 08.03.2025 година во 14.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат село Брвеница – село Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(28) од село Челопек, тетовско и мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Милетино, општина Брвеница. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, кој го управувал мопедот и неговиот малолетен сопатник од село Милетино, а констатирани во Клиничка болница Тетово, по што повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од надележен ЈО и увидна екипа од СВР Тетово.
На 08.03.2025 година во 12.35 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2025 година во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.М.(24) и К.Т.(24) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2025 година во 20.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Ѓ.(24) од Струмица затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.03.) во 01.45 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен е В.Б.(28) од Охрид. При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 22.10 часот на улицата „Кеј Први Мај“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.З.(33)од Прилеп бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста и растителна материја.По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 20.50 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Ј.(27) од Битола бидејќи при преглед кај него била пронајдена растителна материја како и метална дробилка во внатрешноста исполнета со растителна материја. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава.
На 08.03.2025 година во 10.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Л.Т.(80) од Скопје пријавил дека на улица „1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 08.03.2025 година во 13.20 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Н.(39) од Скопје пријавила дека на улицата „Париска комуна“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.03.2025 година во 21.30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.М.(69) од Скопје пријавила дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 08.03.2025 година во 02.30 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од скопско село пријавила дека на 07.03.2025 околу 11.30 часот во семејниот дом била физички нападната од својот сопруг А.М.(28), кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.03.2025 година во 16.10 часот во СВР Скопје, Л.П.(20) од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 15.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров по вербална расправа околу недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно машко лице, кое што потоа кон него замавнало со велосипед. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.03.2025 година во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.50 часот на Плоштад „Македонија“ во Скопје, тројца малолетници физички нападнале друг малолетник од Скопје и со закана му одзеле пари. Од страна на пријавителот еден од малолетните напаѓачи бил задржан и предаден на полициски службеници од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
На 07.03.2025 година во 21.50 часот полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, ги лишиле од слобода К.Б.(50) и З.Ш.(47) двајцата од Велес, кај кои што е пронајдена и одземена НН зелена растителна материја. За настанот е известен надлежен ЈО а по издадена судска наредба извршен бил и претрес во домот на З.Ш. каде била пронајдена и одземена дигитална вага. По целосно комплетирање на документацијата, а во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ („Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“).
На 08.03.2025 година во 23.18 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, бил лишен од слобода З.Р.(31) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски таблички управувано од З.Р. и по преземени мерки, констатирале дека тој бил под дејство на алкохол, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „Безобзирно управување со моторно возило“.
На 08.03.2025 година во 16.00 часот во СВР Куманово М.И. (23) од Куманово пријавил дека на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово, околу 04,00 часот истиот ден, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.03.2025 година во 14.40 часот во Полициското одделение Групчин, Џ.М.(22) од село Палатица, општина Желино, пријавил дека претходниот ден околу 22.00 часот на локалниот пат село Желино – село Палатица во круг на бензинска станица бил физички нападнат од В.Ф. и И.З. , двајцата од село Палатица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.03.2025 година во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 15.20 часот во и пред угостителски објект во Гостивар, по претходно недоразбирање бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ.(61) и Р.М.(20) двајцата од Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (09.03.) во 04.40 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека неговиот штитеник Н.С.(13) од Скопје, се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 08.03.2025 година во 08.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 08.30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, настанал пожар на патничко возило марка „Фолксваген голф)со скопски регистарски таблички кое било во движење а сопственост на М.Б.(53)од Скопје.Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, при што било констатирано дека пожарот настанал од неисправана инсталација на електрониката на возилото.
На 08.03.2025 година околу 22.40 часот во ОВР Виница било пријавено дека на улицата „Браќа Миладинови“ во Виница бил опожарен стан, сопственост на Л.А.(67) од Виница а изнајмен на М.Ј.(32) од село Јаргулица радовишко. Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарница единица Виница пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
На 08.03.2025 година во ПС Карпош П.Л. (71) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот меѓу 20,00 до 21,00 часот од неговиот дом на улица „Јури Гагарани“ во Скопје од страна на непознат сторител извршена била тешка кражба при што му бил одземен пиштол марка „Валтер“ модел „Р99“ и куршуми со калибар од 9 мм. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.03.2025 година во ПО Матејче, од страна на Кумановско-Осоговска Епархија при МПЦ-ОА било пријавено дека во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Матејче, општина Липково, кој е под заштита на државата како културно добро, од страна на непознати сторители во текот на месецов со употреба на физичка сила и погоден алат било влезено во објектот каде било извршено копање на подот. Притоа покрај ископ на земја, биле извадени и осквернавени посмртни останки на погребани лица, и била извршена кражба на оловен лим од централната манастирска црква. Извршен е увид од страна на надлежен ЈО и Увидна екипа од СВР Куманово. Се работи на расчистување на случајот
На 08.03.2025 година во 09.30 часот на Граничен премин „Табановце“ , на излез од државата, полициски службеници го привеле С.И.(29) од село Церово, општина Желино, поради тоа што при пасошка контрола било констатирано дека истиот бил баран за издржување на казна затвор во траење од три месеци, за сторено КД по чл.190 ст.1 в.в. со чл.45 од КЗ на РСМ во КПУ Затвор-Тетово.Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.