На 16.01.2025 во 13.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода А.Б.Ш.(31) од Ирска, со привремен престој во Охрид, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во Охрид во кој престојува, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дробилка и повеќе други предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 16.01.2025 во 11.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.М.(28) од Битола. При претрес во неговиот дом во Битола, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 16.01.2025 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.О.Ј.(26) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2025 во 22.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ѓ.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.01.2025 во 19.45 часот на улица „Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле Е.М.(22) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М.(34) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 29.12.2024 околу 21.00 часот во угостителски објект во селото, пријавениот со стаклени предмети го нападнал Д.У.(47) од Кичево и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.
На 16.01.2025 во 18.15 часот во Полициската станица Центар, М.Ј.(20) од Прилеп пријавила дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 16.01.2025 во 15.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на ул.„Мелничка“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 16.01.2025 во 17.20 часот во Полициската станица Драчево, Б.М.(23) од Скопје пријавил дека на ул.„Малешевска“ во Скопје, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
На 16.01.2025 во 16.50 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода И.С.(23) од Кочани. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 16.01.2025 во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Одделението за потраги при СВР Скопје го привеле А.А.(48) од Скопје, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.
На 16.01.2025 во 11.00 часот во ОВР Прилеп, од Општа болница Прилеп било пријавено дека во домот на З.Р.(39) и В.Р.(23) во с.Славеј, прилепско, починало бебе, додека кај нив во тешка здравствена состојба била донесена неговата сестра близначка, која, исто така, починала околу 13.00 часот. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Денеска (17.01.2025) во 05.50 часот во СВР Куманово, М.Б.(60) од Куманово пријавил дека во периодот од 16.01.2025 до 17.01.2025 со употреба на сила било влезено во неговата бурекчилница и биле одземени пари и повеќе производи. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.01.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обожувалница на подрачјето на Карпош, едно лице со закана од вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 16.01.2025 во СВР Скопје било пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17 - годишник од с.Волково, скопско, кој бил качен на цистерна - вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила. Со возило на Итна помош повредениот бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На 16.01.2025 во 12.35 часот во ОВР Гостивар, С.А.(70) од с.Врбен, општина Маврово и Ростуше, пријавил дека околу 10.00 часот на улица ,,Беличица“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 16.01.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром, А.Б.(35) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар во Скопје бил каснат од куче скитник.
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.С.(20) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 25.11.2024 во Велес, пријавената одзела платежна картичка на едно женско лице, по што извршила две трансакции во износ од 6.032 денари.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против О.Н.(50), од с.Облешево, општина Чешиново - Облешево, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против Ј.П.(47) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“. Во април 2023 година, првопријавениот во својот дом му овозможил на второпријавениот да користи марихуана. Додека, на 04.10.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ш.Ј.(46) од с.Бучим, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“. На 08.12.2024 во атар на с.Бучим, пријавениот бесправно исекол 48 дабови стебла и одзел дрвна маса од 3,22 кубни метри огревни дрва на штета на ЈП ,,Нацинални шуми“ – Подрачно шумско стопанство ,,Плачковица“ - Радовиш.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Х.(36) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на земјиште“. Во 2023 година, пријавениот со поставување на метална ограда узурпирал и присвоил 1.343 метри квадратни земјиште во сопственост на А.Д. ЕСМ - Скопје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Р.(54) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. На 11.11.2023, пријавената започнала градежни активности за градба на куќа, без одобрение од надлежна институција.