На 15.01.2025 во 16.30 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Б.С.(37) од Штип, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и мобилен телефон со остатоци од бела прашкаста материја. Б.С. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 15.01.2025 во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле М.А.(34) од село Корешница, демиркаписко, кој бил баран по потерница врз основа на наредба на Основен суд Неготино за издржување казна затвор од една година, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. М.А. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.
Денеска (16.01.2025) во 02.10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Ѓ.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 20.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.М.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 20.45 часот на ул.„Гоце Делчев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода малолетник, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.01.2025) во 02.00 часот на ул.„Св. Ѓорѓи Кратовски“ во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода К.А.(28) од Злетово, затоа што при преглед на патничкото возило „шевролет“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, мобилен телефон и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 15.01.2025 во 20.15 часот на магистрален пат Прилеп – Битола, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода И.Џ.(26) од Прилеп, затоа што при преглед на неговото патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(41) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.П.(23) од Струмица, затоа што кај него бил пронајден и одземен боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (16.01.2025) околу 01.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Ќафасан - Подмоље, патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од О.Н.(32) од с.Драслајца, струшко, удрило во пешакот Б.Т.(36) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
На 15.01.2025 во 14.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.П. пријавил дека на ул.„Спиро Гулапчев“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.01.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Карпош, С.Н.(59) од Скопје пријавил дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 15.01.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.П.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Ташко Караџа“ во Скопје била касната од куче скитник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.Д.(46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба на 30.12.2024 година, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа кокаин. На Б.Д. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.Ш.(30) од дебарското село Аме поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. При извршени контроли, екипи на ЕВН констатирале дека пријавениот неовластено извршил приклучување на електрично броило од куќа чии сопственици биле во странство, со што им предизвикал материјална штета од 34.523 денари.
На 15.01.2025 во 10.08 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.К.(57) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 15.01.2025 во 12.00 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Н.Н.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
На 15.01.2025 во 17.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал своите родители и оштетил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 15.01.2025 во 20.00 часот пред угостителски објект во с.Марино, општина Илинден, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.М.(39) од с.Марино, затоа што околу 19.00 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, физички го нападнал Д.М.(36) од Делчево, а потоа и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.01.2025 во 13.38 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 14.01.2025 околу 19.00 часот во установата, У.В.(27) од с.Поум, струшко, физички го нападнал А.Г.(30) од Скопје, двајцата осуденици од установата. Се работи на расчистување на случајот.
На 15.01.2025 во 09.20 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека на паркинг простор во кругот на болницата, додека извршувал работни задачи, Е.Е.(51) од Скопје паднал и се здобил со повреди. За настанот бил известен трудов инспектор, а на местото излегле полициски службеници од СВР Скопје.
На 15.01.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, И.К.(40) од Скопје пријавила дека на 14.01.2025 околу 14.50 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно машко и едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 15.01.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(15) од Куманово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.А.(38) од с.Вирче, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка телесна повреда“. На 04.12.2024, пријавениот физички го нападнал В.С. и му нанел тешки телесни повреди.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.А.(50) од с.Пеширово, светиниколско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 06.01.2025 на свој профил на социјална мрежа, пријавениот објавил статус со кој ширел расистички и ксенофобичен материјал и промовирал омраза и нетрпеливост.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Н.Д.(48) од Пехчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.05.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
На 15.01.2025 во 22.00 часот од ул. „Борка Утот" во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода К.П. (42), В.П(34), З.П.(58), А.П.(32) и двајца малолетници, сите од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело насилство. Имено, според пријавеното, настанот се случил на 15.01.2025 околу 20.30 минути пред продажен објект на ул.„Борка Талески" во Прилеп, при што било употребено и огнено оружје и бил испукан куршум во воздух. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.